ЕУ интеграцијата на Македонија почнува од дома

Скопје, 16 април 2013 (МИА) - Европската перспектива на Македонија е жива и остварлива. За таа цел земјата треба да продолжи со имплементација на Охридскиот договор по дух и слово, како и со континуиран и инклузивен политички дијалог и дијалог со медиумите кои што се од суштинско значење. ЕУ-интеграцијата на земјата почнува од дома, порача Кетрин Ештон висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК на денешната прес-конференција во Скопје.

- ЕУ внимателно ја следи имплементацијата на договорот од 1 март постигнат помеѓу двете политички партии, посебно во однос на формирањето на Анкетната комисија и потпишувањето на Меморандум за разбирање, како и продолжувањето на дијалогот со новинарите. Токму затоа ги охрабруваме политичките лидери да ги надминат поделбите и да креираат нов политички дух на соработка. На тој начин вашата земја ќе биде во можност да ги исполни своите стратегиски цели, порача Ештон посочувајќи при тоа на заклучоците кои се потврдени и во пролетниот извештај на ЕК за земјата презентиран денеска во Стразбур од еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Таа укажа дека во овој контекст, целосно го поддржува Пристапниот дијалог на високо ниво, воден од еврокомесарот Филе.

Првиот евродипломат се осврна и на значењето на добрососедските односи и надминувањето на спорот за името. Таа добрососедските односи ги оцени како суштински и побара да се продолжи дијалогот и да се бараат решенија до постигнување конкретни договори без одлагање.

- Процесот во ОН за решавање на спорот за името добива на сила и ги поттикнуваме двете страни целосно да ги искористат напорите на Нимиц. Потребно е решение без одложување. Знам дека тоа може да биде тешко, меѓутоа не постои друга алтернатива, не постои друг начин да се оди напред, и да се дејствува поскоро е многу подобро отколку подоцна. Тоа е единствениот начин за напредок во однос на вашата евроинтеграција. ЕУ сака вашата земја да успеа. Но, како што знаете, евроинтеграцијата почнува дома, рече Ештон.

Таа за време на посетата на Скопје, прва од стапувањето на функцијата во ЕК, се сретна со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, а имаше средби и со лидерите на ДУИ и на СДСМ Али Ахмети и Бранко Црвенковски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...