Конституирана Комисијата за настаните од 24 декември

Скопје, 14 јуни 2013 (МИА) - Конституирана е Комисијата која треба да ги расчисти случувањата во и пред Собранието на Република Македонија на 24 декември минатата година. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ денеска се сретнаа кај претседателот Ѓорге Иванов, a претседателот на Комисијата професорот Борче Давитковски по средбата изјави дека има голема волја за расчистување на настаните кај двете политички партии. 

 

- Има голема волја за расчитување на настаните и кај едните и кај другите. Особено кога, условно да речеме, застанаа зад мене како декан на Првниот факултет со некое правно искуство кое го имам. Ми веруваат и сакаат да се најде решение. Мислам дека тоа е добар знак и сигурно дека во предвидениот рок ќе го направиме извештајот и ќе го доставиме каде што треба, рече професорот Давитковски.
 
Тој најави дека Комисијата од утре редовно ќе се состанува и дека ќе предложи членовите да прифатат деловник за работа во којшто ќе биде предвиден и начинот на донесување одлуки. 

 
– Денеска се одржа првата конститутивна седница на експертската комисија која има налог и задача да ги испита правните аспекти на настаните што се случија на 24 декември минатата година. Благодарение на претседателот Ѓорге Иванов, неговото посредништво и медијаторство се формира комисијата. Од утре почнуваме сериозно да работиме за да ги испитаме настаните согласно насоките што ни се дадени од договорот што е склучен помеѓу политичките партии и претставниците на ЕУ, рече проф. Давитковски. 

 Давитковски посочи дека станува збор за правна комисија која во рок од 60 дена треба да утврди факти без да носи политички заклучоци. – Се надеваме дека во овој рок ќе ја завршиме работата. Ние утврдуваме факти, нема да носиме политички заклучоци. Тоа не е наша работа, рече претседателот на Комисијата. 

 Најави дека евентуално комисијата може да донесе одредени препораки за измени на, како што рече, деловник или одредени закони. 

 - Ние сме експертски тим што ќе ги забележи фактите, може да дадеме некоја препорака евентуално за подобрување на деловник, на некој закон итн, ако е тоа причина за овие немили настани на 24 декември, изјави Давитковски. 

 Заклучоците од Комисијата Давитковски, како што рече, ќе им го достави на лидерите на двете политики партии од кои го добил мандатот односно поддршка да биде претседател на Комисијата. 

 – Тоа се паметни луѓе. Ќе сфатат. Ако има некои препораки, нешто ќе преземат едноставно да се надмине ситуацијата. Ние, повторувам, политички квалификации не можеме да дадеме. Ние сме експерти. Ќе гледам дали е постапено согласно закон или не, дециден е Давитковски. 

 Расчистувањето на настаните од 24 декември, според проф. Давитковски, ќе биде добра слика, пред се, за дома. 

 - Политичкиот живот да почне нормално да функционира и надвор дека сме сериозни и дека водиме сметка дека она што сме си го дале како обврска ќе го исполниме и во рок и на обострано задоволство на сите инволвирани во овој процес, смета претседателот на комисијата.  

Членови на комисијата што треба да ги расветлат настаните од 24 декември се Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и професорите Рената Десковска и Љубомир Фрчковски од СДСМ. 

 Имајќи предвид дека Фрчковски е лустриран, одговарајќи на новинарско прашање, Давитковски рече дека станува збор за експертски тим, а не за јавна функција и оти ќе нема проширување на комисијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...