Нимиц:

Важно е секоја страна целосно да ги сфати ставовите на другата страна

Атина, 9 септември 2013 (МИА) – Медијаторот на ОН Метју Нимиц денеска во Атина се сретна со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција Евангелоз Венизелос од кого уште еднаш  ги слушна генералните грчки ставови во преговорите.

По средбата, Нимиц, информира дека состанокот со Венизелос бил многу конструктивен и оти „јасно ги сфатил позициите на грчката Влада“. Тој нагласи дека Венизелос изнел детални коментари за идеите што медијаторот ги презентираше на двајцата преговарачи во април годинава.

- Тој ми кажа со што се согласува грчката страна, со што не се согласува и каков вид промени се прифатливи за грчката страна. Венизелос беше многу јасен во коментарите, рече Нимиц  и додаде дека сега се јасно разбрал.

На прашање на МИА, што мисли, дали властите во Скопје ќе ги прифатат промените што ги бара Атина, медијаторот рече дека прво треба да отиде во Скопје.

- Ова се тешки преговори и сметам дека е многу важно секоја страна целосно да ги сфати ставовите на другата страна и потоа, се надевам ќе се доближиме. За мене е најважно да продолжи дијалогот, и со тоа, се надевам ќе бидеме се поблиску и поблиску до взаемно прифатливо решение, истакна Нимиц.

На новинарско прашање дали се точни информациите дека неговиот последен предлог е „Горна Република Македонија“, медијаторот рече дека никогаш не открива за какви предлози станува збор. Понекогаш она што е објавено во медиумите е точно, понекогаш не е, истакна Нимиц и повтори дека нема да ги коментира предлозите. 

Во врска со евентуална средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, медијаторот на ОН рече дека „во вистинско време и на вистинско место може да има дијалог на многу високо ниво“. Нимиц повтори дека тоа не е негова мисија и оти секој лидер се справува со работите поинаку.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...