Грчката страна да покаже добра волја

за надминување на разликата околу името

Скопје, 10 септември 2013 (МИА) - Македонија е подготвена на средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот со Грција за разликата околу името, посочил денеска македонскиот претседател Ѓорге Иванов на средбата со амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името. Иванов очекува грчката страна да покаже добра волја за создавање позитивна атмосфера и надминување на разликата околу името.

Шефот на државата, според соопштението од неговиот Кабинет, ја реафирмираше македонската државна позиција и посветеноста за изнаоѓање заеднички прифатливо решение за разликата околу името.

Како што се наведува, на средбата била разгледана актуелната состојба на процесот кој се води под покровителство на ОН и беа разменети информации и мислења поврзани со идеите и размислувањата на специјалниот пратеник Нимиц, како и со исходот од неговата посета на Атина.

Македонскиот претседател Иванов потенцираше дека како и досега, Република Македонија и натаму активно, конструктивно и со добра волја ќе учествува во процесот, со цел изнаоѓање на заемно прифатливо решение. Изрази очекување, грчката страна, во духот на добрососедството, да покаже добра волја со цел создавање позитивна атмосфера, за придвижување на процесот и надминување на разликата околу името.

- Подготвени сме за средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот, рече претседателот Иванов.

Република Македонија инсистира на целосно почитување на рамката во која се води процесот, резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Во таа насока, македонскиот претседател очекува поддршка од медијаторот Нимиц, со цел доследност кон меѓународно преземените обврски и прифатената рамка, што е од пресудно значење за процесот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...