Венизелос:

Атина е за географска одредница и „ерга омнес“

Атина, 12 септември 2013 (МИА) – Следниот состанок во врска со прашањето за името најверојатно ќе се одржи последната седмица од септември во Њујорк, изјaви грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

Грчкиот вицепремиер ја информираше Парламентарна комисија за национална одбрана и надворешна политика за неговата средба со медијаторот Метју Нимиц, при што повтори дека процесот трае 18 години откако стапи во сила Времената спогодба.

- Со оглед на тоа што многу интензивно и лично учествував во процесот кој доведе до изготвување на Времената спогодба, знам колку е важно да постои референтна рамка, и ја изразив почитта на Грција за напорите на генералниот секретар и на Нимиц, рече Венизелос и додаде дека е важно процесот на преговори да продолжи.

Тој изрази уверување дека „грчката позиција, како што е формулирана, ужива широк национален консензус, и повтори дека Атина е за сложено име со географска одредница што се однесува на географскиот поим на името, а не на политичкиот термин“. Венизелос уште еднаш кажа дека Грција е само за ерга омнес решение.

- Мислам дека јаснотијата со која одговоривме и ги кажавме нашите позиции, како и анализите кои ги спроведовме со Нимиц, многу ќе помогнат во преговорите со Скопје и подоцна, на нашите состаноци за ова прашање, рече Венизелос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...