Се уште нема решение, грчката страна настапува ултимативно

Скопје, 12 септември 2013 (МИА) - Претседателот Ѓорѓе Иванов вели дека по последните средби на медијаторот за прашањето за името Метју Нимиц  со македонската и со грчката страна  се уште нема решение за прашањето за името и приближување на ставовите.

- Има согласност за името Македонија да биде содржано во решението, но приближување на ставите се уште нема.  Тоа што го кажа Нимиц тоа е реалноста и ние очекуваме грчката страна да се  држи до рамката во која се водат преговорите   бидејќи  постои дефинирана рамка од Обединетите нации, изјави денеска Иванов.

Според него, другата страна секојпат настапува ултимативно и настојува само нејзините барања  да бидат задоволени, а не барањата и потребите на другата страна.

- Станува збор за заемно прифатливо решение. Затоа очекуваме дека  грчката страна конечно ќе се придржува до рамката која е предвидена. Некојпат и времето  носи решение, а реалноста е таква каква што е што ја пренесе Нимиц, рече претседателот Иванов.

На новинарско прашање дали е точно  дека е прифатено во решението да има географска одредница и оти проблем е каде да се наоѓа, Иванов одговори дека состојбата е дека нема решение.

- Тие се детали. Станува збор за предлог, предлогот има многу нијанси. Господинот Нимиц треба и од нашата страна, нашиот став, нашата позиција и од грчката да дојде до заемно прифатливо решение. Се се тоа шпекулации, фактички сега состојбата е дека нема решение, изјави Иванов по пуштањето во употреба на нов парк во општина Аеродром.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...