Во Делчево манифестација „Пијанечки денови на сливата“

Делчево, 20 септември 2013 (МИА) - Со цел промоција на сливата и производите од слива како земјоделски производ карактеристичен за Делчево и регионот Пијанец, општина Делчево во соработка со локалните институции почнувајќи од годинава ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2013“.

Во рамки на оваа повеќедневна манифестација предвидени се поголем број културни настани и активности преку кои е овозможена промоција на речиси сите производи чие што производство е базирано на сливата, како и промоција на правните и физичките субјекти од Делчево и регионот кои на било кој начин учествуваат во култивирањето на сливата и производите од слива.

Градоначалникот Дарко Шехтански денеска симболично ја започна оваа манифестација со берење сливи од најдобро култивираниот насад на слива за оваа година, како и залевање на коренот на сливите со најубавата минатогодишна домашна ракија подготвена токму од овој сливов насад.

Како дел од програмата за оваа манифестација денеска попладне предвидено е да се одржи Првата меѓународната вечер на хумор и сатира „Пијанец 2013“ и Меѓународна изложба на карикатура на тема „Внимавај слива“. Исто така, ќе бидат доделени и наградите од Меѓународниот конкурс за доделување на награди за афоризам и карикатура на истата тема, за кој имаше пријавено учесници од цел свет.

Утре ќе се одржи централниот настан во чиишто рамки ќе има натпревар во печење на ракија, при што ќе бидат подготвувани и повеќе домашни специјалитети врз база на слива.

Посетителите на овој настан ќе може да дегустираат од подготвените специјалитети. Настанот ќе биде збогатен со  богата културно-уметничка програма на летната сцена во центарот на градот по што ќе бидат доделени наградите за највесела ракија и најгрижливо одгледан насад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...