Венизелос:

Географска одредница и „ерга омнес“

Њујорк, 23 септември 2013 (МИА) - Националната позиција на Грција за името е јасна - име со географска одредница за севкупна употреба, изјави шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во Њујорк, по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.

Нагласувајќи оти Бан Ки-мун добро ги знае позициите на Атина за спорот со Скопје, според Венизелос, ваквото решение ќе и помогне на Македонија да има евроатлантска перспектива што е многу важно за Грција, која, истакна, сака стабилност во регионот на Западен Балкан.

- Ние поддржуваме заеднички прифатливо сложено име со географска одредница, кое ќе биде за севкупна употреба – ерга омнес. Тоа е конечно, јасно, функционално решение. На овој начин и соседната земја ќе биде во можност да ја најде својата европска перспектива, што е многу важно и за неа и за нас, зашто сакаме целиот Западен Балкан да ја најде заедничката перспектива, нешто што е стабилизирачки фактор во нашиот регион. Ќе ја понудиме сета расположива помош. Ние сме големи инвеститори, голем сосед кој, со чувство на пријателство, може да помогне, секако само доколку постои добра волја, добрососедство и почитување на меѓународното право, изјави Венизелос.

Во соопштението од канцеларијата на генералниот секретар стои дека соговорниците размениле мислење за перспективите за решавање на спорот за името, вклучително и исходите од неодамнешната посета на посредникот Метју Нимиц.

За денеска во Њујорк е најавена средба на еврокомесарот за проширување Штефан Филе со медијаторот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц.

Се уште не се знае дали во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН ќе има средба меѓу македонски и грчки државни претставници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...