Меѓународниот суд на правдата кажа што може да се регулира

Њујорк, 24 септември 2013 (МИА) - Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски одговори на изјавата на грчкиот министер Евангелос Венизелос, според кого единствено решение за спорот за името мора да биде ерга омнес, односно Македонија да прифати ново име за сите употреби.

- Мислам дека најзначајно во овој момент е пред да се даваат такви изјави и размислувања, да се погледне рамката на Обединетите нации во која се решава овој спор и да се погледне мислењето на најнадлежен орган, Меѓународниот суд на правдата, кој јасно дефинира што може, a што не може, некој од надвор да го регулира. Пред се треба да запомниме дека се работи за две демократски земји кои се залагаат за владеење на правото и почитување на меѓународните норми. Доколку тоа е вистина, мислам дека многу полесно би ги надминале овие прашања, изјави министерот Попоски.

Претходно, Венизелос не сакаше да одговори на прашањето на МИА за неговата вчерашна изјава, во која ги повтори грчките црвени линии во спорот за името и не остави простор за разговор.

Мартин Несирки, портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, во својот пладневен брифинг, информираше дека за неколку недели може да се очекува нова средба на посредниците во разговорите за спорот. Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис ќе се сретнат во Њујорк, на покана на амбасадорот Метју Нимиц, на средба за која, како што изјави Несирки, генералниот секретар Бан се надева дека ќе доведе до приближување на ставовите.

Македонската делегација на Генералното собрание на Обединетите нации денеска започна со повеќе билатерални и мултилатерални средби. Шефот на делегацијата, претседателот на Владата Никола Груевски ќе присуствува на свечениот прием во организација на претседателот на САД Барак Обама.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски досега оствари средби со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер, министерот за надворешни работи на Нов Зеланд Мареј Меккали, а се обрати и на министерскиот состанок на Организацијата на Франкофонијата и на високата средба посветена на Милениумските развојни цели.

- Ова е добра можност да оствариме средби со сите земји од нашето соседство, со земји со кои не можеме често да се среќаваме, да направиме добра комбинација на разговори во доменот на Обединетите нации, но и во доменот на билатералните односи со поголем број земји. Се разбира дека добар дел од активностите е насочен кон презентирање на нашата кандидатура за членство во Советот на човекови права на Обединетите нации. Се надеваме дека во тоа ќе бидеме успешни и во следните три години ќе можеме да придонесе за промовирање на човековите права на глобално ниво, изјави министерот Попоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...