Попоски имаше средба со Филе, денеска со Венизелос

Њујорк, 26 септември 2013 (МИА) - Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Њујорк ќе се сретне со грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, јави дописникот на МИА.

Средбата е закажана во 12 часот по њујоршко време, а се одржува на маргините на 68-то Генерално собрание на ОН.

Тоа ќе биде втора средба на Попоски и Венизелос. Првата беше одржана на 22 јули во Брисел.

Централна тема на денешниот состанок во Њујорк се очекува да биде спорот за името.

Венизелос во понеделникот, по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, изјави дека Македонија мора да го прифати грчкиот предлог за ново име со географска одредница кое ќе се применува во сите случаи, ерга омнес. Министерот Попоски на тоа возврати дека рамките на спорот поставени од Обединетите нации и пресудата на Меѓународниот суд на правдата јасно покажуваат што може, а што не може да биде наметнато во спорот.

Попоски вчера, за време на високата расправа за почитувањето на владеењето на правото, на забелешка на министерот за надворешни работи на Холандија Франс Тимерман, изјави дека Обединетите нации не успеваат да обезбедат почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата кој најде дека Грција го прекршила меѓународното право кога го блокираше приемот на Македонија во НАТО во 2008 година.

Попоски синоќа во Њујорк се сретна со комесарот за проширување на Европската Унија Штефан Филе. Од кабинетот на Попоски информираат дека на средбата се разговарало пред се за редовниот извештај на Европската Унија за Македонија и за напредокот на Македонија во целина.
- Се разговараше за некои детали за извештајот за напредокот, во рамките на настаните во изминатите месеци. Се разговараше и за можностите како да се забрза динамиката на евро-интеграциите, изјавија за МИА од македонската делегација во Њујорк.

Утре вечер, претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации, а следниот ден ќе има средба и со генералниот секретар Бан Ки-мун, чиј кабинет најави дека по неколку недели амбасадорот Метју Нимиц ќе свика средба на двајцата посредници во разговорите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...