Нема напредок на средбата во Њујорк

Меѓу нас се планини

Њујорк, 26 септември 2013 (МИА) -  Министерот за надворешни работи Никола Попоски, по средбата со грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, изјави дека Грција не е заинтересирана за решавање на спорот и меѓу ставовите на двете земји ‘има планини’.

- Ставовите од југот се основа на проблемот. Немаме никакво убедување
дека имаат желба да станат дел од решението. За се друго можеме да бидеме партнери, но за спорот, меѓу нас се планини, изјави министерот Никола Попоски по 20 минутната тет-а-тет средба која се одржа за време
на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Венизелос, пак, по средбата за грчките медиуми изјави дека на средбата со Попоски ги изнел грчките ставови за тоа како треба да се реши спорот за името. Венизелос, по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, изјави дека Грција инсистира Македонија
да го смени името, и тоа да важи во сите употреби, според грчката формула ерга омнес.

Венизелос одбегна да зборува за априлскиот предлог на амбасадорот Метју Нимиц, кој претставува обид да се приближат ставовите на двете земји, и покрај тоа што Обединетите нации најавија дека неколку недели по Генералното собрание на ОН ќе се организира нова средба на претставниците на двете земји во Њујорк.

Утревечер во Њујорк, пред Генералното собрание, треба да се обрати претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски, кој во сабота треба да се сретне и со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун. Свое обраќање пред Генералното собрание во петок треба да има и Венизелос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...