Груевски јавно побара пречистување на Избирачкиот список

Скопје, 7 октомври 2013 (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска јавно го повика претседателот на СДСМ Зоран Заев да му даде налог на неговиот сопартиец и претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко да започне со пречистување на Избирачкиот список.

- Надлежноста за пречистување на Избирачкиот список е исклучиво на ДИК. Го поставувам прашањето зошто шест месеци не го почнуваат тоа и ги повикувам јавно да го почнат веднаш и да го завршат за да не бараат потоа алиби дека поразот којшто ќе им следи доаѓа заради тоа што списокот не бил пречистен или други алибија коишто се поврзани со Избирачкиот список, изјави премиерот Груевски одговарајќи на прашање по поставувањето камен-темелник на објектот на Текнохозе во ТИРЗ Скопје 1.

Тој посочи дека околу Избирачкиот список се случува нешто чудно, зашто, како што нагласи, поминаа речиси шест месеци од денот кога завршија Локалните избори и оттогаш до сега има тотален бојкот од страна на претседателот на ДИК во однос на пречистување на Изборниот список.

- Не можам да разберам зошто шест месеци претседателот на ДИК не ја заврши таа работа. Досега можеше трипати да го прочисти изборниот список, а не еднаш. Меѓутоа, веројатно постои некаква спрега помеѓу претседателот на ДИК која што е од иста партија со господинот Заев којшто цело време бара некакво алиби во непречистениот Избирачки список. Еве јас јавно ги повикувам господинот Заев да му даде налог на господинот Кондарко, но и директно господинот Кондарко веднаш неодложно да го започне пречистување на Изборниот список, бидејќи тоа е негова надлежност и не е надлежност на премиерот или на некој министер, рече Груевски.

Прецизира дека Владата и некои државни институции можеби можат и нешто да помогнат и да се вклучат доколку од ДИК го побараат тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...