Кондарко не може сам да донесува одлуки

Скопје, 7 октомври 2013 (МИА) - Државната изборна комисија како неосновани и неточни ги оценува обвинувањата за кочење на работата на ДИК при прочистувањето на Избирачкиот список од страна на претседателот Борис Кондарко. 

-  Во услови кога мнозинството членови во ДИК го имаат партиите од власта, апсурдно е да се тврди дека претседателот на ДИК има каква било можност да ја кочи работата на овој колективен орган, ниту пак може самиот претседател да донесува одлуки, да го надгласува мнозинството или да спречува нивни иницијативи, се вели во соопштението од ДИК.  

Во моментов, се посочува, од страна на ОБСЕ-ОДИХР се ангажирани експерти кои ќе дадат свои анализи и препораки во врска со Избирачкиот список. За тоа претходно е склучен Меморандум за соработка со ДИК.

Од ДИК потсетуваат дека од 2012 година, во континуитет функционира Работната група за проверка на Избирачкиот список, формирана од Управувачкиот комитет на високо ниво при Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија.

- Со оваа група претседава членот на ДИК Бедредин Ибраими, а  во нејзината  работа учествуваат   претставници на министерствата за внатрешни и за надворешни работи, за правда, Државниот завод за статистика, Комисија за заштита на лични податоци, Мост, ОБСЕ, Амбасадата на САД и ЕУ. Работната група секогаш заседава јавно, пред медиумите, посочуваат од ДИК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...