Груевски се сретна со почесните конзули на Македонија

Скопје, 9 октомври 2013 (МИА) - Премиерот Никола Груевски придружуван од вицепремиерот Владимир Пешевски и министрите за надворешни работи, за транспорт и врски, и за привлекување странски инвестиции Никола Попоски, Миле Јанакиески и Бил Павлески и Џери Наумоф денеска во Охрид се сретнаа со почесните конзули на Република Македонија во странство на која беа промовирани инвестициските можности на земјава.

На средбата премиерот Груевски посочил дека Владата е силно посветена на привлекување инвестиции преку поволни услови кои ќе овозможат развој и оплодување на добивката на инвеститорите и отворање нови работни места и оти за да се реализира таквата цел Владата презема системски реформи и прави искрени напори за овозможување на развој.

- За таа цел беше  воведена единствена стапка од само 10 проценти на персоналниот данок на доход и данок на добивка, беше направено ослободување од оданочување на задржаната добивка и направено е драстично намалување на административниот и регулаторен товар за водење бизнис, посочил премиерот Груевски.

Тој ги посочил можностите за инвестирање кои им стојат на располагање на инвеститорите  во отворените технолошки индустриски развојни зони кои на заинтересираните им нудат низа поволности како што се ослободување на данокот на добивка и данокот на доход во првите 10 години, даночно ослободување од реинвестирана добивка и ослободување од административни такси.

- Премиерот Груевски посочи дека  во зависност на инвестицијата Владата дава субвенција за уредување на земјиштето кое се дава под закуп под поволни услови за период до 99 години. Тој истакна дека резултатите од овие политики се видливи, а показател за тоа е скокот од седум места кој го забележа Македонија во Извештајот за конкурентност на Светскиот економски форум.  Позитивни оценки за севкупните економски перформанси на Република Македонија и за бизнис климата во земјата, во услови на светска економска и европска должничка криза, бележат и други меѓународно релевантни институции, агенции и весници кои се занимаваат со мониторинг, статистика, анализа, рангирање и предвидување на економските параметри на земјите. Така, Европската Комисија, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд, агенцијата Фич и повеќе други организации ја позиционираат Македонија како една од економиите кои имаат одлични показатели и напредок во многу полиња од областа на бизнисот, се вели во денешното соопштение од владината прес-служба.

Македонскиот премиер истакнал дека привлекувањето финансиски капитал е невозможно без постоење конкурентен човечки капитал и за таа цел е направено проширување на пристапот кон високо образование (особено во областите како математика, природни науки и информатичка технологија) како и значително зголемување на употребата на компјутери и интернет во државните училишта и на универзитетите и од почесните конзули побарал да ги промовираат инвестициските можности на државата и да работат на зајакнување на политичките односи со државите каде престојуваат.

Вицепремиерот Пешевски во своето обраќање пред почесните конзули истакнал дека Македонија располага со стабилна макроекономска политика, стабилна валута, низок степен на инфлација, како и низок државен долг.

- Истовремено Пешевски потенцира дека Владата овозможи да се регистрира фирма за само еден ден, се направија реформи во Катастарот со кој се олесни процесот на бизнис со недвижнини, се намалија и скратија голем број процедури преку реализација на реформата административна гилотина со цел да се олесни водењето бизнис, се вели во соопштението.

Министерот без ресор Џери Наумоф, пак, се осврнал на можностите кои се нудат за инвестирање во областа на туризмот и земјоделството, како и модерната индустрија и современата технологија и истакнал дека големите корпорации во Македонија можат да препознаат стабилност и отвореност за соработка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...