Во извештајот на ЕК:

Македонија од 2009 ги исполнува критериумите

да почне преговори за членство

Брисел, 14 октомври 2013 (МИА) - БЈР Македонија е првата земја што потпиша Договор за стабилизација и асоцијација (ДСА) со Европската унија во 2001 година. Таа е осум години земја-кандидат, по позитивното мислење на Комисијата во ноември 2005 година и одлуката на Европскиот совет во декември истата година. Од 2009 година, Комисијата оценува дека земјата доволно ги исполнува политичките критериуми и препорача отворање на преговорите. Од 2009 година, ЕК исто така препорачува и дека треба да започне втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација. Но, и во двата случаи не е донесена одлука од страна на Советот.

Ова е една од главните поенти во прогрес-извештајот за Република Македонија, што Еврокомисијата официјално ќе го објави в среда, а до чии делови дојде дописникот на МИА од Брисел, со оглед на тоа што извештаите за земјите-кандидати и потенцијални кандидати се чуваат во строга тајност, па до денеска дури и земјите-членки на Унијата ги немаат.

Со оглед на тоа што еврокомесарот за проширување Штефан Филе ќе ја повтори новата, петта по ред препорака на неформалната Влада на Унијата за нашата земја да ги почне пристапните преговори, во овој извештај за евроинтеграциите на Македонија се очекува да се најде само двапати и придавката „македонски“, како и барање да се воведе т.н. „медиумска култура“.

Во најновиот документ од извештајот, во сумираните заклучоци се наведува дека „дваесет години по влезот на земјата во Обединетите нации, решение на прашањето за името треба да се најде без понатамошно одложување“. Исто така, Комисијата признава дека е заглавен напредокот на Македонија во евроинтеграциите поради недавањето дозвола на Советот за почеток на преговорите за членство.

- Во недостаток на процес на преговори, главен форум за дискусија и мониторинг на реформите се телата формирани во рамки на Договорот за стабилизација и асоцијација, како и со Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), кој е воспоставен во 2012 година. ХЛАД-от придонесе за прогрес во повеќето приоритетни области. Остварениот прогрес во рамки на ХЛАД ќе ја постави земјата во добра положба кога ќе започнат преговорите. Како и да е, овој Пристапен дијалог не е и не може да биде замена за премин во отворање на пристапните преговори, се наведува во извештајот.

Официјален Брисел издвојува простор и за политичката криза што следеше во Македонија по настаните во Парламентот што се случија при крајот на минатата година. Па, така, во извештајот се наведува дека тоа „покажа длабока поделба меѓу политичките партии, влијаејќи на функционирањето на Парламентот и демонстрираше потреба за конструктивна политика во национален интерес“. Во однос на објаснувањето во извештајот на овие настани се наведува дека „за време на усвојувањето на буџетот за 2013 година, присилното отстранување на опозициските пратеници и на новинарите од парламентарната сала, резултираше со тоа најголемата опозициска група да го бојкотира Парламентот и да се закани со бојкот на локалните избори“.

Притоа, ЕК наведува дека долготрајниот ќорсокак бил решен со имплементација на политичкиот договор од 1 март што вклучи враќање во Парламентот на опозициските пратеници, учество на локалните избори, прогресивни препораки од страна на Комисијата за истраги на собраниските настани, потпишување меѓупартиски Меморандум за разбирање во однос на стратешките евро-атлантски цели на земјата и натамошна работа на изборните реформи.

Притоа, се потенцира дека обнова на дијалогот меѓу Владата и новинарите останало неисполнето, а дека консензусот за извештајот на Комисијата за истраги покажал оти е можно, со политичка волја и преку дијалог и компромис, да се најдат конструктивни решенија, но дека препораките на Комисијата за истраги треба да бидат имплементирани во целост.

- Генерално, земјата продолжува доволно да ги исполнува политичките критериуми. Локалните избори во март/април 2013 година беа оценети од страна на ОБСЕ/ОДИХР како професионални и ефикасно администрирани, истакнувајќи дека постои замаглување на дистинкцијата меѓу државата и партијата и препорачаа дополнителни измени на изборната легислатива. Земјата го заврши најголемиот дел од своите судски реформи меѓу 2004 и 2010 година. Понатамошен прогрес е направен годинава во областа на ефикасност на судството, а прогрес има и во воспоставување на сеопфатни податоци за анти-корупција спроведување на досегашната практика, што би требало и да се изгради во иднина, гласат пофалбите за Македонија во извештајот на ЕК.

Во однос на слободата на изразување, се потенцира дека „напредокот во дијалогот со медиумите е во застој по протерувањето на новинарите од Парламентот, а и покрај развојот на законодавната рамка, репутацијата на земјата за слобода на медиумите се влошува“. Притоа, исто така е наведено и дека „затворањето на голем број медиумски места во последниве години, исто така ја намали разновидноста на различни ставови достапни до граѓаните“.

- Земјата веќе достигна високо ниво на усогласеност во однос на тоа каде се наоѓа во процесот на пристапување, - се завршува во дел од извештајот на Еврокомисијата за Македонија, кој во целост ќе биде познат за два дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...