Претседателот Иванов во посета на Кина

Пекинг, 21 октомври 2013 (МИА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска до 24 октомври ќе престојува во посета на Народна Република Кина, во рамки на која се предвидува посета на Пекинг и на Ченгду, во кинеската провинција Сичуан.

За време на посетата на Пекинг, претседателот Иванов ќе се сретне со претседателот на Народна Република Кина, Џинпинг Си. 

По повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, во Пекинг, македонскиот претседател ќе има свое обраќање на свеченоста која ќе се одржи во Салата на мирот во Кинеската асоцијација за пријателство со странски земји. 

Во Ченгду, во провинцијата Сичуан, претседателот Иванов ќе присуствува на свеченото отворање  на 14. Меѓународен форум за Западна Кина, насловен „Форум за меѓународна соработка на Западна Кина“, во организација на 12 провинции на Западна Кина и 12 министерства на Централната Влада. На Форумот, на кој ќе учествуваат повеќе државници од светот, Иванов ќе се обрати на тема „Балансиран развој и заеднички просперитет“.

За време на престојот во Ченгду, претседателот Иванов ќе оствари средба со гувернерот на провинцијата Сичуан, Веи Хонг. Воедно, македонскиот претседател ќе ги посети Универзитетот за традиционална кинеска медицина и Универзитетот за финансии и економија. На Универзитетот за финансии и економија во Ченгду, кој е партнер на Институтот „Конфуциј“ основан во Република Македонија, претседателот Иванов ќе одржи предавање.

Во составот на делегацијата, предводена од шефот на државата во посета на Народна Република Кина ќе престојува и министерот за здравство на Република Македонија, Никола Тодоров и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф.

За време на престојот во Пекинг и Ченгду, македонската делегација ќе посети повеќе кинески компании, заинтересирани за економска соработка со Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...