со тренд за интензивирање

Соработката меѓу Македонија и Кина на највисоко ниво

Пекинг, 22 октомври 2013 (МИА) - Соработката помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина денес е на највисоко ниво на развој, како на политички, така и на економски план, со тренд на зацврствување и интензивирање, за што зборуваат и се почестите средби на највисоко ниво, истакна претседателот Ѓорге Иванов на приемот во Пекинг по повод одбележувањето 20 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

Основата за соработката, како што рече, е во споделените вредности на двете култури.

– Мирот и мирољубивата политика се идеја-водилка на двете држави. Секоја на свој начин, Република Македонија и Народна Република Кина придонесуваат кон градењето и одржувањето на светскиот мир, рече Иванов.

Тој, јави известувачот на МИА, додаде дека двете пријателски држави меѓусебно се поддржуваат и на мултилатерален план во надворешно-политичките активности и кандидатури за меѓународните организации, нивните тела и органи.

Осврнувајќи се на соработката на економски план, шефот на македонската држава рече дека Република Македонија ја препозна и ја прифати понудената поддршка од кинеската Влада за развивање на својата инфраструктура.

- Можностите за економска соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина се неисцрпни. Имаме добри искуства на полето на енергетиката што треба да се прошири и продлабочи и на другите полиња, како што се земјоделството и кинеските директни инвестиции, рече Иванов.

Според него, политичката и економската соработка се надополнети со културната соработка.

– Неодамна имав задоволство да го отворам Институтот „Конфуциј“ на државниот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Институт што дополнително ќе ги приближи пријателските народи, рече Иванов.

Обраќајќи се пред присутните на приемот во Салата на мирот во Кинеската асоцијација за пријателство со странски земји, шефот на македонската држава нагласи дека Република Македонија останува да биде сигурен кинески партнер во регионот на Југоисточна Европа.

– Македонската економија е отворена за кинеските инвестиции. Македонските граѓани остануваат посветени на градењето пријателски врски со кинескиот народ, рече Иванов.

Историски гледано, додаде, се наоѓаме на самиот почеток на билатералните односи меѓу нашите две пријателски држави, односи кои во иднина само ќе се продлабочуваат и унапредуваат.

На крајот од обраќањето претседателот Ѓорге Иванов посака следниот јубилеј да го дочекаме со уште поголема соработка и заеднички просперитет, како што рече, за сите нас.

По повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Народна Република Кина и Република Македонија беше промовирано пригодно плико изготвено од кинеска страна и поштенска марка изработена од македонска страна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...