На Македонија и е потребен датум за преговори

Скопје, 28 октомври 2013 (МИА) - На Македонија и е потребно во декември да добие датум за старт на пристапните преговори со ЕУ. Статус кво ситуацијата не е добра за земјата, истакна известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции посветена на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата во 2013 година.

- Коментарите коишто ги давам во Брисел јасно покажуваат дека оваа земја не може да остане во статус кво позиција. Не е во ред да се верува дека се одбиваат аспирациите за членство на оваа земја година по година, а секако има влијание врз напредокот.  Со ова сакам да продискутирам за  тоа колкаво е влијанието на ваквите одбивања затоа што тоа може да биде една од одлучувачките аргументи во Брисел. Тоа ме води до моето последно прашање како да го урамнотежиме ова прашање пред Советот за министри. Верувам дека Европскиот парламент ќе се искоординира со Европската комисија околу препораката. Исходот од процесот ќе биде добар, но мислам дека тоа нема да го добиеме од Европскиот совет. Ставот на ЕК, на ЕП, како и мојот став е дека копенхашките критериуми се доволно исполнети. И фер е да се каже дека дел од земјите членки на ЕУ не се согласуваат со ова. Значи не се работи само за вашите соседи, туку тоа се повеќе земји членки на ЕУ. За тоа треба да дискутираме пред декември - што да направиме за да ги убедиме тие земји членки кои не се убедени дека Копенхашките критериуми се доволно исполнети, рече Ховит.

Според него, Извештајот за напредок е особено важен и добар за земјата. Нема големи економски предизвици, но во поглед на законодавството, слободата на движење на капиталот и стоките има помалку работа направено.

- Но, мислам дека е важно да покренеме некои прашања коишто мора да бидат разгледани во поглед на достигнувањата и натамошни подобрувања кои треба да се направат за земјата, рече Ховит.

Во тој контекс тој се осврна на договорот со Руската Федерација за гасоводот и колку е тој компактибилен со целите на Македонија, за потребата од натамошен напредок во борбата против корупцијата, во судството, исполнување во целост на Охридскиот рамковен договор, како и исполнување на препораките на Анкетната комисија за настаните од 24 декември.

Во однос на слободата на медиумите потенцира тоа е важно прашање кое е многу чувствително во овој период во земјата, а за кое, додаде, постои високо ниво на грижа во Брисел.

- Ние одблиску ги следиме дискусиите за Нацрт-законот за медиуми, а тука е и случајот со Кежаровски. Има и прекин во дискусиите помеѓу Владата и ЗНМ, рече Ховит.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, пак, истакна дека реформите и отворениот и конструктивен пристап кон соседите се два комплементарни аспекта, кои не се супститути кои се заменуваат едни со други.

- Убедени сме дека реформите без решавањето на спорот за името или пак решавањето на спорот за името без реформите не се доволни за интегрирањето во ЕУ. Тие две заедно ќе ни обезбедат добар пат кон ЕУ, рече Бесими.

Тој се осврна на придобивките од пристапниот дијалог на високо ниво со ЕК како на битен инструмент за одржување на динамиката на Европската агенда во земјата, но оти на земјата и е потребен датум за почеток на преговорите со ЕУ.

- Овој механизам е битен, но не е доволен и не е замена за вистинските преговори. Тоа за што Македонија има потреба сега се почетокот на преговорите, односно вистински преговори како што забележува Извештајот во неговата препорака. Тоа ќе придонесе уште повеќе за внатрешните реформи како во интензитет така и во квалитет, а ќе придонесе и за решавање на споровите како тој со Грција и за унапредување на добрососедските односи. Датумот за преговори за нас е можност и одговорност плус да докажеме со сите аргументи дека Македонија не само што сака, туку работи и е подготвена да почне со следанта фаза со пристапување кон ЕУ, подвлече Бесими.

На седницата на Националниот совет се обрати и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, кој истакна дека случаите како со новинарот Томислав Кежаровски ќе го влошат имиџот на Македонија и ќе влијаат врз јакнење на самоцензурата.

- Во секој Извештај на ЕК за Македонија постојано е посочувано дека во медиумите е присутна самоцензура. Ако не се поништи ваквата пресуда не само што нема да ја ослабеме самоцензурата во медиумите туку уште повеќе ќе ја зајакнеме што, пак, негативно ќе се одрази врз квалитетот на медиумските услуги, понудата и правото на јавноста да добие точни и избалансирани информации, рече Селмани. Тој ги повика пратениците да ја поддржат идејата за повлекување на законите за медиуми од собраниска процедура и повторно да се вратат на преговарачка маса со Владата за да се надминат разликите.

Вицепремиерот Бесими рече дека во однос на медиумите и слободата на изразување, во Владата има голема посветеност, како и за подобрување на имиџот на земјата во меѓународните извештаи, демонстрирајќи вистински дијалог со ЗНМ за сите прашања за уредување и консолидација на овој сектор. 

Претходно денеска Извештајот за напредокот на Македонија беше на дневен ред и на седницата на собраниската Комисија за европски прашања, како и на уште неколку собраниски тела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...