Ховит со препораки за Македонија

до декемврискиот самит на ЕУ

Скопје, 30 октомври 2013 (МИА) - Прогрес во имплементацијата на препораките од Анкетната комисија, напредок во постигнување договор со Бугарија и видлив напредок во слободата на изразување, се трите области на кои Македонија треба да работи во периодот до декемврискиот самит на ЕУ за да ги убеди земјите членки да определат датум за преговори или да направат суштински чекор во тој правец.

Ова го истакна известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит на денешната прес-конференцијата во Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Тој подвлече дека повеќе членки на ЕУ, а не само двете соседни земји треба да бидат убедени дека Македонија доволно ги исполнува Компенхашките критериуми за почеток на преговорите. На новинарско прашање одговори дека нема да ги именува поединечно кои се тие членки на Унијата, но потенцира дека тој како и Европската комисија стојат на ставот дека земјата доволно ги исполнува политичките критериуми за отпочнување на преговорите.

- Од суштествено значење е да се направи што е можно поцелосен прогрес во имплементацијата на препораките од Анкетната комисија во Собранието со политички консензус меѓу партиите за да не се остави можност минатогодишните настани во однос на донесување на буџетот да се повторат оваа или која било друга година. Владејачките и партиите од позицијата треба со заемен респект и дијалог колку и да е тоа тешко да се придржуваат кон Меморандумот што го потпишаа за евроатланската интеграција на земјата да ја стават прва на агендата, рече Ховит.

Тој се осврна на минатонеделната средба на премиерот Никола Груевски со бугарскиот колега Пламен Орешарски и изрази надеж дека се можни натамошни чекори кон постигнување договор за отворените прашања меѓу двете земји.

Во однос на слободата на изразување, подвлече дека широко се консултирал за постојните предизвици сугерирајќи дека постојат опасности ако предложениот закон за медиуми биде донесен без широка поддршка од новинарите. Се осврна и на случајот со новинарот Томислав Кежаровски.

- ЕУ се залага за принципот за независност на судството. Сепак, легитимно е да ја изразам мојата сериозна загриженост во однос на некои елементи од случајот. Загрижен сум за овој и други случаи во однос на траењето на притворот и условите во кој се издржува бидејќи осомничените мора да се сметаат за невини додека не се докаже поинаку. Загрижен сум и за пречестото одредување на оваа мерка, како и за создавањето впечаток дека одлуките да се процесираат обвиненијата се одредени од политички, а не од правни причини,  рече британскиот европратеник. Според него, ваквите случаи можат да влијаат на создавање страв меѓу новинарите, уредниците и сопствениците на медиуми, што резултира со ограничување на истражувачкото новинарство и самоцензура.

Известувачот во Европарламентот, на прес конференцијата го поздрави повторното отворање на канцеларијата на ЛГБТ-заедницата и ги осуди нападите на овој центар, упатувајќи апел до политичарите и тие да ги осудат, а до судските власти да работат на откривање и казнување на сторителите.

Ховит, по скенирањето на состојбите во земјата и разговорите со премиерот, министри и претставници на здруженија и НВО-секторот, заминува за Брисел каде што треба да ја подготви и презентира Нацрт резолуцијата за Република Македонија во Европскиот парламент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...