Црна Гора и Македонија заедно во НАТО

Подгорица, 10 ноември 2013 (МИА) - Црна Гора и Македонија треба истовремено да станат членки на НАТО, смета политичкиот аналитичар од Вашингтон и експерт за Балканот Даниел Сервер.

Како што изјави денеска Сервер за Телевизија Црна Гора, овие земји одат заедно, не зашто зависат една од друга, туку бидејќи двете треба да бидат членки на Алијансата.

- Црна Гора е блиску до исполнување на критериумите за членство во НАТО, но сметам дека Подгорица и Скопје треба истовремено да и пристапат на Алијансата. Никогаш не знаете кога ќе се отворат вратите на НАТО. Може да ги исполните сите услови, а вратата да не се отвора неколку години од политички причини, рече Сервер.

Сервер изрази надеж дека Германија која, според него, треба да игра водечка улога на Балканот, ќе ја увиди предноста од членство на Македонија и Црна Гора во НАТО и дека ќе инсистира на тоа на самитот следната година во Лондон.

- Германија би требало да помогне во потенцирањето на тоа прашање зашто не можете да се потпрете на Американците кои треба да ги решаваат Иран, Сирија и Северна Кореа, истакна Сервер за телевизија Црна Гора.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...