Македонија во трка за влез во Советот за човекови права на ОН

Вашингтон 12 ноември (МИА) - Во Генералното собрание на Обединетите нации денеска попладне е предвидено гласање за избор на новите членки на Советот за човекови права на светската организација, на кое и Македонија е една од земјите кандидатки.

Се очекува Македонија да биде избрана и во следните три години да учествува во работата на ова највисоко меѓународно тело посветено на почитување на човековите права. Советот за човекови права на ОН, со седиште во Женева, е формиран во 2006 година да ја замени Комисијата за човекови права, има 47 членки, избрани регионално од членките на ОН. Советот ја следи состојбата со кршењето на човековите права во сите членки на ОН, работи со високиот комесар за човекови права, може да испрати известувачи за одредени состојби или пак да разгледа поплаки од граѓани и организации.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, при неодамнешното учество на Генералното собрание на ОН, најави дека членството на Македонија во Советот за човекови права е еден од приоритетите во мултилатералната политика во овој период. Поради начинот на кој се распределуваат гласовите, при што за источна Европа се определени две сигурни места, постојат надежи дека Македонија денеска ќе ја добие потребната поддршка и првпат ќе стане член на оваа организација.

Дополнително, од 17-те држави кои се кандидираа, а меѓу кои се и Куба, Саудиска Арабија, Русија и Кина, Македонија е една од само четирите држави кои беа проценети како заслужни за членство во Советот според организацијата ОН Воч, која изработува рејтинг листи на кандидатите. Другите држави кои, според ОН Воч ги исполнуваат стандардите на човекови права потребни за членство во Советот на ОН, се Франција, Британија и Мексико. Меѓу кандидатките се и Алжир, Виетнам, Малдивите, Мороко и други земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...