СДСМ презентира мерки во сферата на социјалната политика

Скопје, 12 ноември 2013 (МИА) - Претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев, денеска презентира мерки од програмата на партијата во областа на социјалната политика, со оценка дека над 30 проценти од граѓаните денес живеат во тешка сиромаштија, а најбогатите 20 отсто располагаат со доход колку и сите останати 80 проценти од граѓаните. 

- Основна цел на новата програма на СДСМ е враќање на средната класа во државата и подобрување на условите за живот на сите граѓани. СДСМ нуди предлог мерки и решенија за подобрување на животниот стандард и на социјално загрозените граѓани, сиромашните и останатите ранливи групи, рече Заев.

Мерките, меѓу другото, вклучуваат можност за докуп на стаж и воведување на државна социјална пензија за граѓаните кои се постари од 65 години, но кои не примаат пензија, бидејќи не го исполнуваат законскиот минимум, заминување во пензија со 35 години стаж за жени и 40 години за мажи со што ќе се создадат услови за стекнување право за пензионирање врз основа на старост и врз основа на работен стаж, како и определување на висината на пензијата, зависно од промената на трошоците на животот, а помалку од промената на платите.

Дел од мерките е и зголемување на социјалната помош за 40 отсто во рок од четири години и донесување посебен закон за правата на лицата со посебни потреби.

- Од сите наведени мерки, и од многуте други кои ги планираме, станува јасно дека за нивното остварување ќе бидат потребни значителни финансиски средства. Меѓутоа, ние сме убедени дека во држава во која владата има искрени намери да води подеднаква грижа за сите граѓани во рамките на буџетот има многу можности за подигање на достоинството и квалитетот на животот на овие категории граѓани. Ние сакаме јасно да покажеме дека идната влада на СДСМ ќе има директен интерес за брзо наоѓање на работен ангажман за социјално загрозените граѓани, со што ќе дојде до трајно намалување на социјалните давачки до нивно одржливо ниво, рече лидерот на СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...