Кили осуден на една година затвор

Скопје, 15 ноември 2013 (МИА) - Актерот Кирил Поп Христов денеска е осуден на една година затворска казна за производство и пуштање во промет марихуана. До правосилноста на пресудата ќе остане во домашен притвор.

Во својата одбрана Кили рече дека бил свесен оти прави кривично дело, со образложение дека произведувал марихуана за лекување на карциномот кој му бил дијагностициран.

- Знаев дека правам инкриминирани дејанија, но кога си на самиот раб меѓу животот и смртта, одиш по острицата на нож, воопшто не ме интересираат законите. Целта ми е да си го продолжам животот, изјави Кили пред судот.

Тој појасни дека не произведувал канабис сатива, туку канабис индика, растение во кое имало многу мало количество ТХЦ, супстанца која е забранета. Од листовите на индиката се обидел да направи лековито масло, кое ја подобрувало неговата здравствена состојба, но пред да биде готово полицијата упаднала во семејната викендичка во скопско Визбегово. Инаку, маслото го набавувал по нелегален пат. Од растенијата што биле пронајдени во подрумот од викендичката можело да се произведе масло за двонеделна терапија за неговата болест.

- Триесет години пушам марихуана, а сега не можам да пушам оти канцерот ми се прошири на белодробното крило. Ова масло сега го набавувам преку интернет за 110 куни од Хрватска. Тоа е 500 мл и е разредено, рече Кили.

Неговиот адвокат Владимир Данаилов рече дека канабис индика сé почесто се користи за лекување на канцерогени лезии и за лекување Алцхајмерова болест и дека во повеќе држави е легализирана.

Поп-Христов беше уапсен пред неколку месеци откако во неговата куќа беа пронајдени десетици саксии марихуана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...