Говорот на омраза е повредa на човечкото достоинство

Скопје, 15 ноември 2013 (МИА) - Говорот на омраза е повредување на правото на човечко достоинство. Омразата на дело, пак, води до повредување на основните човекови права. Затоа борбата против говорот на омраза е дел од мисијата за заштита и за промовирање на човековите права.

Ова денеска го истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во обраќањето пред присутните на Националната конференција за политички и меѓурелигиски дијалог и култура на толеранција која се одржува во организација на Македонската академија на науки и уметности во пресрет на 16 ноември, Меѓународен ден на толеранцијата.

Пред само три дена, посочи претседателот, Република Македонија беше избрана за членка на Советот за човекови права на Обединетите нации.

- Тоа е признание, привилегија, но и голема обврска. Континуирано и на дело, Република Македонија се залага за заштита и за промовирање на човековите права и правото на човечко достоинство, рече Иванов.

Неопходно е, посочи претседателот, да го подготвиме македонското многуетничко, многурелигиско и многујазично општество за успешно да се соочи со предизвиците на современиот свет.

- Неопходно е создавање механизми за борба против говорот на омраза на Интернет без ограничување на слободата на изразување. Потребно е исправно сфаќање на слободата и на нејзините граници. Границите на слободата на изразување се исцртани со слободата на другите луѓе и со нивното човечко достоинство. Тоа се граници исцртани со меѓуетничката и со меѓурелигиската толеранција, почит и прифаќање, рече Иванов.

Нагласи дека македонскиот модел, кој е граден со векови, е модел на интеграција без асимилација, модел на почитување и прифаќање на различноста, модел што во својата основа подразбира создавање простор во нас самите за да го примиме другиот без да го претопиме или без самите да бидеме претопени во нечиј друг идентитет.

- Во срцевината на македонскиот модел е сфаќањето дека другите култури не се закана за нечиј идентитет, туку потенцијален извор на негово збогатување. Ние како политички, општествени и верски лидери треба да им дадеме пример на граѓаните, на младите, на верниците, да праќаме позитивни пораки за помирување и за соживот, пораки за јавна пристојност, пораки што треба да помогнат во зачувување и промовирање на она што е највредно, што е дел од нашата традиција на заемна доверба и почит, додаде претседателот Иванов.

Претседателот на МАНУ, Владо Камбовски рече  дека правото на толеранција, подразбирајќи потполно уважување на постоечките разлики меѓу луѓето врз национална, етничка, верска, политичка, социјална или која и да е друга основа, подразбира дијалог и разбирање, но и должност за нетолеранција кон каква било неправда, дискриминација или насилство спрема другиот.

- Во мултикултурното и плуралистичко општество какво што е македонското, политиката, религијата, средствата за масовни комуникации, образованието и другите општествени координативни фактори, се должни да го уважуваат правото на толеранција и да ја поддржуваат и шират културата на толеранција како претпоставка за почитување и остварување на основните човекови слободи и права, истакна Камбовски.

Шефот на мисијата на ОБСЕ, Ралф Брет потенцира дека заемното почитување треба да биде основа за односите меѓу различните верски групи и поединци. Меѓуверската толеранција, посочи тој, е суштинска за одржување на стабилноста и за општествен напредок.

Шефот на делегацијата на ЕУ, Аиво Орав рече дека преку толеранција меѓу сите различни групи и конфесии може да се дојде до заеднички успеси. Посочи дека непочитување на слободата на вероисповест или на убедување може да доведе до нетолеранција и тоа се првичните индикатори за потенцијално насилство и конфликт.

- Сите луѓе имаат право да ја исполнуваат својата вероисповест во јавност без страв дека ќе бидат жртви на напад, закани или насилство. При штитењето на слободата на вероисповест ЕУ се води од принципот на солидарност и меѓусебна зависност на сите човекови права без оглед дали се тие граѓански, политички, социјални, економски или културни. ЕУ и нејзините земји-членки се посветени на заштита и унапредување на слободата на вероисповест и на убедување во рамките на своите граници, додаде Орав.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска рече дека со векови наназад Република Македонија е културолошки автентична и токму заради различните религии создаваше една огромна традиција. Таквата традиција, нагласи таа, не дозволи да дојде до уништување на културата и духот на нацијата.

- Овие скапоцени вредности кои ги зачувавме токму заради различните вери не вброи како редок пример на европската духовна престолнина и цивилизација. Нема попрекрасно чувство од една чиста совест, некорумпирана од предрасуди, нетолерантност и фанатизам. Токму нашето заедничко македонско живеење го темелиме на високо ниво на свест и свеста за другите е столб на различностите на верата. Се надевам со сите законски регулативи тоа ќе биде темел на идни разговори за меѓурелигиски соживот и на идни верски дискурси, додаде Божиновска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...