Трагаме по напаѓачите во автобусот, повредените деца пуштени дома

Скопје, 15 ноември 2013 (МИА) - Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска информира дека се преземаат мерки за расчистување на синоќешниот инцидент во кој беа повредени осум деца при напад од група малолетници во автобус со број 45, во близина на село Стајковци.

- Вчера имаше повеќе инциденти од кои најсериозен беше во автобусот на ЈСП, а МВР интензивно постапува по сите случаи во рамки на своите надлежности и дејствувања, истакна Јанкулоска.

Во врска со вчерашниот мирен протест на месното население во Стајковци, кое го блокираше патот по инцидентот, со барање за отворање полициска станица и зголемено присуство на полицијата на нивна територија, министерката Јанкулоска нагласи дека сите барања кои пристигнуваат до МВР соодветно се разгледуваат и анализираат.

- Барањето за поголемо присуство на полицијата е само доказ дека граѓаните имаат доверба во нас и сметаат дека можат да се потпрат на полицијата. Има аргументи за засилување на полициското присуство во Стајковци, но на средба со месното население ќе бидат разгледани сите поединости по ова прашање, појасни министерката за култура.

Според Јанкулоска, зачестените вакви инциденти, не се само од безбедносно прашање, туку, подвлече, проблемот може да се лоцира и во нарушениот систем на вредности.

- За ова, се спроведуваат низа проекти во соработка со повеќе институции, кои имаат за цел да го намалат бројот на ваквите инциденти помеѓу малолетниците, а преку отворен разговор да го подигнат нивото на општествените вредности кај децата, рече министерката за вантрешни работи.

СВР Скопје соопшти дека инцидентот се случил вчера во 19 часот на улицата „Алија Авдовиќ“ во близина на Стајковци. Осум деца биле нападнати и повредени од група малолетници, по што дел од нив биле пренесени во Градската болница и во Ургентниот центар.

Во стабилна состојба и пуштени на домашно лекување се шест од повредените деца при нападот на автобус со број 65 на ЈСП.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...