Македонија пошумена со нови пет милиони дрвца

Скопје, 27 ноември 2013 (МИА) - Под мотото „Засади здравје! Засади здрава иднина!“ денеска беа засадени пет милиони дрвца на површина од 1.150 хектари низ цела Македонија во 12. акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“.

Шефот на кампањата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ Кристина Николовска акцијата ја оцени како масовна и успешна.

- Граѓаните преку акцијата „Ден на дрвото“ пратија огромна порака кон светот дека сите заедно можеме да засадиме поздрава иднина и да бидеме лидери на здрава иднина во регионот, Европа и светот, изјави Николовска за МИА.

Лекарите, додаде таа, велат дека четири засадени дрвја се доволни како кислород за еден човечки век.

- Па ако граѓаните на Република Македонија преку акцијата „Ден на дрвото“ досега во 12 акции засадиле 40 милиони садници, тогаш можеме да се гордееме со тоа дека сите заедно сме засадиле здрава иднина за 10 милиони луѓе, но и за животните и за целиот биосвет, рече Николовска.

 Директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски информира дека во досегашните акции засадени се 45 милиони дрвја.

- И покрај тоа што ноќеска заврна снег акцијата се одвива непречено низ цела земја, а времето е идеално и токму на вакви услови се сади дрво и очекуваме висок процент на успешност. Овие денови е најавено дека ќе има и врнежи од дожд и снег, што гарантира одлични услови дрвјата што денеска се садат да се зафатат, рече Караџоски. 

Просекот на зафатени дрвца од минатите акции, според него, е многу висок и изнесува околу 61,54 проценти.

- Тоа е просек од Инспекторатот за шумарство, кој оди на лице место и дава извештај, што Владата го прифаќа. Тоа е официјална бројка. Европски просек, кој се смета за успешен е над 35 проценти, изјави Караџоски.

Една ваква акција, според директорот на „Македонски шуми“, чини од 50 до 70 милиони денари.

- Тоа е трошокот што го прави „Македонски шуми“ и тој е за садниците, а сето друго е волонтерска работа. Сите садиме волонтерски. Ние како „Македонски шуми“ не пошумуваме само сега, туку имаме и законска обврска. Во рамките на тоа ги додаваме и овие садници, додаде директорот на претпријатието.

 Дрвца денеска засадија премиерот Никола Груевски, членови на Владата, припадници на Армијата, ученици...

За помасовно учество во акцијата Владата го прогласи денешниот ден за неработен.

Промотивната кампања почна во петокот, кога дрвца засадија медицински експерти. Во акцијата вчера се вклучија и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој засади дрвца во дворот на градинката „Пеперутка“ во населбата Драчево. Претставници на дипломатскиот кор засадуваа дрвца во „Паркот на дипломатите“ во населено место Мршевци во општина Илинден.

Приоритети за пошумување беа опожарени површини, голини во и надвор од шума во рамки на „Шумско стопанските единици“, локалитети во непосредна близина на урбани и рурални средини, локации покрај природни и вештачки езера на територијата на Република Македонија и државни патишта. Ќе се садат повеќегодишни дрвца од видовите даб, питом и див костен, јасен, јавор, каталпа, дива маслинка, липи, смрча, чемпрес, црн орев, багрем, бреза, бор, дуглазија, туја,... Покрај езерските крајбрежја во Охрид, Струга и Дојран изминатиот период беа засадени 400 палми. Изборот на дрвни видови за пошумување го врши „Македонски шуми“ во зависност од климатските услови, надморската височина и фенологијата на садниците.

Првата акција „Ден на дрвото“ беше спроведена на 12 март 2008 година кога беа засадени два милиона дрва. На 28 октомври 2008 година беше организирана и втората со засадување шест милиони садници, по што акцијата стана традиционална.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...