Мисијата на САД од првиот ден до денес не е променета

Скопје, 3 декември 2013 (МИА) - САД и Република Македонија воспоставија дипломатски односи пред точно 20 години. Во изминатиот период се случија многу работи, но пријателството и партнерството меѓу двете земји останаа силни. Од првиот ден до денес нашата мисија не е промената. Со гордост ја нарекуваме Македонија наш пријател и сојузник и сакаме да видиме како оваа извонредна земја го остварува својот потенцијал како силна динамична и просперитетна демократија целосно интегрирана во евроатлантската заедница.

 Ова го истакна вечерва амбасадорот на САД Пол Волерс во обраќањето на свеченоста во Американската амбасада во Скопје по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоствувањето на дипломатските односи меѓу Соединетите Држави и Република Македонија.

Во присуство на претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски, министри во Владата, актуелни и поранешни пратеници, претставници на политичките партии, на интелектуалната и бизнис елита, на судството, на верските заедници... тој потсети на скромните почетоци во 1993-та година и низата постигнувања и активности реализирани во билатералните  односи во изминатите две децении, кои симболично беа прикажани низ избор од 20 фотографии.

- Разгледувајќи ги фотографиите ќе видите дека врските помеѓу нашите две држави се подеднакво и разновидни и цврсти. Ќе видите дека постои взаемна поддршка за одбранбените приоритети на нашите земји. Дури и во овој момент војниците на нашите земји стојат рамо до рамо во Авганистан. Ние го поддржуваме напредокот на Македонија во области како зајакнување на спроведување на законот, земјоделството, образованието, граѓанското општество и во многу други области. За таа цел во изминатите 20 години Соединетите Држави имаат обезбедено повеќе од милијарда американски долари како помош за Македонија, посочи меѓу другото амбасадорот Волерс.

Се осврна и на иднината на релациите меѓу САД и Македонија. - Ние гледаме на иднината како партнери и замислуваме каде сакаме да бидеме и што може да постигнеме заедно. Нашето партнерство денес е динамично, енергично и свртено кон иднината и јас немам никаква дилема дека тоа ќе потрае уште многу години. Исто како што сме биле заедно во минатото и како што сме заедно денес, така ќе останеме заедно и во иднината, порача американскиот амбасадор.

 На пригодната свеченост беше емитувано и видео со искуствата, но и со пораки од поранешни амбасадори кои ја извршувале својата дипломатска функција во Скопје насловено „Да се биде на служба во Македонија: Од перспективата на амбасадор“. Она што е заедничко е  дека сите и се восхитуваат на убавината на земјата и на луѓето, резимираше амбасадорот Волерс, кој упати и порака дека треба да се гледа кон иднината и да се земат работите во свои раце со оптимизам.

 САД отворија канцеларија за врски во Скопје на 3 декември 1993 година, а првиот шеф на мисијата амбасадорот Виктор Комрас формално почна со работа во април 1994 година. Формални дипломатски односи беа воспоставени во 1995 година кога Канцеларијата за врски достигна целосен статус на Амбасада, а прв амбасадор беше Кристофер Хил. Во 2004-та САД официјално ја признаа РМ под уставното име. Амбасадата на САД во новите простории на улица „Самоилова“ се пресели во 2009 година за време на мандатот на амбасадорот Филип Рикер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...