Конкурс: „Напиши писмо со ракопис на срцето“

Скопје, 12 февруари 2014 (МИА) - Агенцијата за пошти распишува награден конкурс за најдобро писмо „Напиши писмо со ракопис на срцето“. Темата е слободна, а конкурсот ќе биде поделен во три категории - за деца до 12 години, за млади до 18 години и трета категорија за возрасни лица.

- Целта е да ја обновиме  традицијата на пишување писма, да се стимулира креативниот однос на граѓаните кон пишувањето на писмата и кон афирмирање на јазичната и писмената култура и традиција кои во историјата на светската култура има оставено неизбришливи траги, соопшти директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски, на денешната прес-конференција во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Посочи дека право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија. Писмата треба да бидат напишани со личен, авторски ракопис, на  македонски или на албански јазик, да не се претходно објавувани, да не содржат повеќе од 500 зборови и да ја имаат формата на обраќање до примачот.

- Писмата треба да се испратат во плик најдоцна до 14 април 2014, на  адреса: Агенција за пошти  (со назнака: за награден конкурс  - категорија...) Поштенски фах 164, 1001 Скопје. Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 14 мај 2014 година, истакна Атанасоски.

Во жири комисијата што ќе ги оценува писмата учествуваат: Стојан Тарапуза, Горјан Петревски, Марија Таушанска, Џабир Ахмети, Венко Андоновски, Бранко Цветкоски и Братислав Димитровски.

- Оваа идеја сакаме да финишира со издавање на книга во која освен наградените писма ќе бидат, по избор на жири комисијата, објавени и други писма. Сакаме ова да прерасни во традицијата со што ќе оставиме и една пишана трага за генијалноста, оргиналноста и неповторливоста на пишаниот збор, рече Атанасоски.

Директорот на Градската библиотеката „Браќа Миладиновци“ Бранко Цветковски ја поздрави акцијата на Агенцијата за пошти и ја нагласи подршката на библиотеката со тоа што покрај наградите од Агенцијата  тие ќе подарат и комплети од книги за најдобрите писма.

- Овој конкурс на извесен начин ќе побуди и мал копнеж да се отворат и семејните архиви на нашите предци или на повозрасните, каде што ќе се најдат многу писма со содржини што учествувале или ги определивале судбините на луѓето, рече Цветковски

Учесникот на конкурсот треба да наведе во која категорија ќе учествува писмото и на задната страна на ковертот да ја запише адресата на живеење. Дополнителни информации и контакт може да се испратат на посебен лист во истиот коверт. Дозволени се номинации само од авторите на писмата.

За трите категории се предвидени по три награди: (3.000, 6.000 и 9.000 денари за прва категорија, 6.000, 9.000 и 12.000 за втората категорија и 6.000, 18.000 и 30.000 денари за најдобрите писма во третата категирија). Покрај парични, ќе бидат доделени и награди во книги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...