Време е Грција да покаже лидерство

Скопје, 19 февруари 2014 (ИМА) - Време е Грција да преземе водечка улога и да ги помогне евроинтеграциите на Македонија, нагласуваат од ОМД пред посетата на грчкиот министер за надворешни работи и претседавач Европскиот совет, Евангелос Венизелос.

ОМД го потсетува Венизелос дека и покрај се Грција и Македонија се соседи и оти имаат взаемен интерес од подобрувањето на нивните политички односи што ќе доведе до поголем економски просперитет, туристичка и културна соработка. Според статистиките, грчки компании се едни од најбројните инвеститори во Македонија и нивните инвестиции се безбедни во Македонија.  Од друга страна македонските туристи се најбројни во Грција и ја помагаат нивната локална економија.

- Треба двајца за танго за да се излезе од сегашниот статус кво, вели претседателот на ОМД, Методија Колоски. Тој истакнува дека грчката стратегија на блокирање на Македонија ја загрозува стабилноста во регионот, како и процесот на проширување на НАТО и ЕУ.
 
Според директорот на ОМД за Европа, Филип Алтипармаковски, откако ја презеде улогата на претседател на Европскиот совет, Венизелос не дејствува како независен и објективен глас на Унијата, користејќи ја секоја можност да ја дискредитира Македонија во Брисел. Тој пред целиот француски Парламент, посочува  Алтипармаковски, ги навредуваше Македонците, нарекувајќи го нашиот јазик псевдо-македонски.

- И покрај петте препораки за започнување на преговори од страна на Европската Комисија, Венизелос продолжува да ја дезинформира европската јавност и политичари, дека Македонија не ги исполнува Копенхашките критериуми, вели Алтипармаковски.

Тој потенцира дека оваа политика на двојни стандарди мора да престане. Според него, ниту Грција, ни Бугарија не ги исполуваат Копенхашките критериуми доколку тие сега би биле кандидати за влез во Унијата.
 
Венизелос вечер со автомобил од Приштина треба да пристигне во Скопје каде што утре ќе се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ, Али Ахмети и на СДСМ, Зоран Заев. Шефот на грчката дипломатија од Скопје ќе се врати во Приштина од каде што со авион ќе замине за Тирана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...