Венизелос денеска во Македонија

Скопје, 20 февруари 2014 (МИА) - Грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, во рамките на неговата турнеја низ шест главни градови на земјите во Западен Балкан, денеска е во Скопје на средби со македонскиот државен врв.

Во својство на претседател на Советот на министри на ЕУ, Венизелос треба да се сретне со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, со шефот на дипломатијата Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на СДСМ Зоран Заев.

Венизелос пристигна во Скопје синоќа со автомобил од Приштина. Медиумите во Грција пишуваат дека и покрај тоа што грчката делегација патува со владиниот авион, во Скопје доаѓа со автомобил „за да не мора да слета на аеродромот кој се вика Александар Велики“.

Шефот на грчката дипломатија од Скопје ќе се врати во Приштина од каде што со авион ќе замине за Тирана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...