Иванов го прими Венизелос

Скопје, 20 февруари 2014 (МИА) - Претседателот на  Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими претседавачот на Советот на Европската унија, министер за надворешни работи и заменик-претседател на Владата на Република Грција, Евангелос Венизелос.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, биле разменети мислења и информации околу процесот на евроинтеграции на Република Македонија за време на грчкото претседавање со Европската унија. 

Претседателот Иванов и посакал на Република Грција успешно претседавање со Европската унија и изразил очекување дека како претседавачи и покрај фактот што не е во приоритетите, сепак ќе останат посветени на политиката на проширување.

Претседателот Иванов потенцирал дека Република Македонија бележи постојан напредок во клучните реформски области, што се потврдува и со петте последователни препораки за почеток на пристапните преговори, и дека клучна препрека за евро-интеграцискиот напредок и натаму останува прашањето за името.

Овозможувањето на паралелно движење на процесот за решавање на билатералното прашање  и процесот на пристапни преговори за членство во ЕУ,  кој се покажува како успешна и позитивна практика, доколку се примени во нашиот случај, ќе биде од корист не само за Република Македонија, туку и за Република Грција и за целиот регион, посочил македонскиот претседател.

Македонскиот претседател на министерот Венизелос му порачал дека решение за отвореното прашање е можно само со стриктно придржување до рамката во која се води процесот во ООН, со почитување на постоечките резолуции на Советот за безбедност, Времената спогодба, меѓународното право и пресудата од Хаг“. Иванов додал дека навлегувањето во прашањата од сферата на идентитетот и човековото достоинство не е дел од рамката и не придонесува кон напорите за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение. 

Претседателот Иванов истакнал дека е потребно е да се следи примерот на двете општества, потребно е зголемување на меѓусебната доверба, што ќе се постигне преку почести контакти на сите нивоа.

- Не доликува на две европски соседни земји во 21 век да не комуницираат на највисоко политичко ниво. Меѓу нашите земји има огромни можности и потенцијали за соработка во сите сфери од заемен интерес, истакнал Иванов и ја повторил отворената  покана за посета на грчкиот претседател на Република Македонија.

Во контекст на билатералната соработка, македонскиот претседател го потврдил интересот на Република Македонија за интензивирање на економската соработка и зајакнување на преку-граничната соработка, посочувајќи дека проширување на билатералната правна рамка за соработка ќе придонесе во унапредување и на политичките односи меѓу двете земји.

На средбата биле разменети мислења и информации околу актуелните случувања во регионот, односно околу европските перспективи на земјите од Западен Балкан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...