ВМРО-ДПМНЕ оди на предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа фрлената ракавица од ДУИ и прифаќа да се одржат предвремени парламентрани избори заедно со вториот круг од претседателските на 27 април, истакна премиерот Никола Груевски на конвенцијата во Универзалната сала на која владејачката партија треба да избере свој кандидат за шеф на државата.

ДУИ, како што рече, преку уцени сака да добие едно од трите раководни места во државата.

- Во изминатите недели и месеци ги слушнавме изјавите на ДУИ дека ќе ги бојкотираат изборите, ќе излезат од Владата и ќе бараат предвремени парламентарни избори. Во 2008 на 63 пратеници ништо не им пречеше. Подоцна, откако во 2011 добивме 56 пратеници гледаме различно лице на коалицискиот партнер. Во минатите еден или два месеца ги слушавме нивните изјави, одбегнувајќи јавни препреки од нивната одлука за предвремени избори со образложение дека наш кандидати не го гледале како консензуален, изјави Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ, нагласи, не подлегнува и не прифаќа никакви уцени и закани кога се во прашање националните и државните интереси на Република Македонија.

- Тоа досега на сите им е јасно, а и на ДУИ. Затоа веќе е јасно зошто и бараат консензуален кандидат, за да не го добијат и да одат на обид за пропаѓање на претседателските избори и притисок за промена на Уставот за партиите, а не граѓаните да избираат претседател, истакна премиерот.

Груевски побара од членството на партијата и од граѓаните на Македонија двојна победа на претседателските и на парламентарните избори на 27 април.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...