Македонија да не се принудува да го смени името

Скопје, 10 април 2014 (МИА) - Ниту една земја не треба да биде форсирана на промена на името, вели американскиот аналитичар и публицист Вејн Медсен во интервју за програмата „Гласот на народот“. Притоа тој додава дека е добро што Македонија негува добри врски и со Кина и други земји надвор од Европската Унија.

На прашањето што би се случило ако Македонија одлучи да ги прекине разговорите за името со Грција, американскиот експерт за Балканот вели дека тоа нема да биде потег и со страшни последици.

- Ако Македонија го прекине договорот со Грција,  ќе има само „врева“ од Грција, особено од  фашистичката партија Златна зора. Грција има свои проблеми со евро-банкарите во врска со нејзините побарувања, па во овој момент  името на Македонија се чини неважно за владата во Атина. Некои земји, како Унгарија и Србија ќе гледаат на тој потег на Македонија, како дел од општиот тренд на народите во Источна Европа за нагласување на нивните национални идентитети од  време на време, па ова е нешто што многумина го оценуваат  како процес на слабеење или целосен колапс на ЕУ, одговара Медсен.

Тој смета дека нема потреба да се блокира проектот „Јужен поток“ и вели оти е добро што Македонија се приклучила.

- Премиерот Никола Груевски е доста европски и НАТО ориентиран политичар. Но, од друга страна е добро што одлучи да ја приклучи Македонија на овој проект, а во добра насока е и финансискиот договор со Кина. Со ова се демонстрира подготвеност да го направи она што е најдобро за Македонија и не она што е диктирано од додворувачите како Европската Унија и други меѓународните организации, изјави Медсен.

Во интервјуто за програмата „Гласот на народот“ тој вели и дека загинувањето на претседателот Борис Трајковски најверојатно не е несреќен случај туку атентат.

- Воздушните атентати се метод за убиство на политички лидери. Поновата историја е полна со такви инциденти официјално наречени несреќи, но веројатно се атентати, тврди Вејн за Гласот на народот.

Како публицист и новинар оценува дека сега ситуацијата со новинарството се сменила.

- Реалното и независно новинарство страда од корпоризација и централизација во медиумите. Новинарите се принудени да работат на агенди, а не да прават истражувачко новинарство, вели Медсен и во овој контекст додава дека на меѓународно ниво Џорџ Сорос е еден од клучните фигури за политичко и економско нарушување на светот.

Тој потенцира оти на меѓународно ниво и во повеќе земји кои се декларираат како силни демократии има сериозни нарушувања на демократскиот процес. Смета дека актуелните политички случувања во светот се очекувани, а и тврди оти многу европски моќни лидери се многу блиски до САД и ја форсираат нивната политика. Според Вејн Медсен, американската политика е исклучително агресивна, а во САД многу од процесите се малку демократски. Русија, вели, го менува светот од униполарен кон мултиполарен со Кина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...