Концерт на воениот оркестар на АРМ

Скопје, 15 април 2014 (МИА) - Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија синоќа настапи со целовечерен концерт во големата сала на Македонската опера и балет (МОБ), со кој беше свечено затворена манифестацијата „Денови на македонската музика“.

На манифестацијата воениот оркестар за прв пат настапи под диригентската палка на Сашо Татарчевски, а како гостин настапи и саксофонистот Стив Теми од Оркестарот на маринците на САД.

Публиката имаше можност да ја проследи премиерната изведба на музички дела обработени за Воениот оркестар од познатите македонски музички автори: Илија Илиевски, Кокан Димушевски, Александар Џамбазов, Илија Пејовски, Благој Цанев, Глигор Смокварски, Томе Манчев и Џон Вилијамс.

Воениот оркестар на АРМ уште еднаш ги покажа своите огромни можности, а аплаузот на сцената на МОБ, уште повеќе го издигнаа како музички состав со високо стручно реноме, кој после овој настап се етаблира и како значаен чинител во развојот на македонската музичка култура.

Настапот на воениот оркестар на „Денови на македонската музика“ претставува продолжување на проектот од цивилно-воената соработка, чија цел е АРМ да биде поблиску до граѓаните, заради што и во текот на 2014 година се предвидени настапи низ повеќе градови на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...