Ќе се истражува корупцијата на локално ниво

Скопје, 15 април 2014 (МИА) – Центарот за истражување и креирање политики во рамки на проектот „Размена на најдобри практики од ЕУ во следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“ денеска започна со подготовките за спроведување на истражувања за транспарентноста, отчетноста и партиципативноста на локалните самоуправи.

Со истражувањата ќе бидат опфатени повеќе од 40 општини од Македонија. Ќе се спроведува во партнерство со шест други невладини организации од Македонија, а стратешки партнери се Министерството за локална самоуправа и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Партнер на проектот, кој е финансиран од ЕУ со вредност од 160.000 евра, е и хрватската невладина организација „Гонг“ која веќе го има спроведено во Хрватска овој проект.

Директорката на Центарот за истражување и креирање политики Марија Ристевска истакна дека проектот е истражувачки и цели кон развој на методолошка рамка за собирање податоци за тоа колку добро се владее на локално ниво, односно дали се применуваат антикорупциските практики од страна на локалната самоуправа.

- Заедно со нашите партнери ќе работиме во околу 40 општини во РМ за да обезбедиме добра база на податоци за тоа колку отчетно и транспарентно се владее во земјата. Самото истражување ќе биде сублимирана во една студија на речена ЛОТОС – локална одговорност, транспарентност и отчетност. Името произлегува не само оти е кратенка од името на студијата, туку и затоа што лотос е цвет кој успева само во најчистите и транспарентни води и сакаме преку ваквото истражување да ги идентификуваме шампионите во доброто владеење на локално ниви во земјава, рече Ристевска.

Роберт Лидл од Делегацијата на ЕУ во Македонија истакна дека корупцијата е многу важна тема и е присутна во извештаите за напредокот на земјите кои се во процесот на пристапување. Тој посочи дека во стратегијата за проширување на ЕУ е наведено оти треба да се бориме против корупцијата преку владеење на правото, реформа на јавната администрација и преку унапредување и промовирање на демократијата оти, вели, корупцијата ја загрозува и демократијата.

- Сите знаеме како да се бориме против корупцијата, а тоа е едноставно да кажеме НЕ на примањето мито или подмитувањето луѓе или на помагањето на пријатели во коруптивни активности. Се надевам дека со овој проект ќе им се овозможи на локалните власти и засегнатите страни да бидат активни во борбата против корупцијата, рече Лидл.

Претставничката на хрватската НВО „Гонг“ Нивес Миошиќ Лисјак истакна дека Хрватска како нова членка на ЕУ мораше да испорача резултати во борбата против корупцијата, а тоа не беше едноставно поради политичката култура и фактот што живееме во клиенталистички општества кои продуцираат корупција. Таа посочи дека истражувањето ЛОТОС досега го спровеле двапати во 2009 и 2011/12 година во сите 56 градови и општини и во 20-те региони и тоа им помогнало многу за постигнување прогрес во борбата против корупцијата.

- Во Хрватска всушност ЛОТОС се восприема како еден вид конкурентност меѓу градовите и резултатот се очекува со нетрпение од локалните власти. Се надевам дека ова ќе биде случај и со Македонија и дека локалните власти ќе соработуваат со истражувачите и ќе им ги даваат неопходните податоци, затоа што оваа соработка ќе биде од корист за локалните власти и за граѓаните, рече Нивес Миошиќ Лисјак.

Проектот „Размена на најдобри практики во ЕУ во следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“ ЦИКП почна да го спроведува во декември 2013 година, а треба да се реализира заклучно со јуни 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...