Штипскиот Црвен крст почна со обуки за учениците за прва помош

Штип, 15 април 2014 (МИА) - Општинскиот Црвен крст во Штип започна со едукација на учениците за пружање прва помош. Секретарот на Црвениот крст, Никола Камчев вели дека до крајот на месецот ќе се организираат натпревари во прва помош во сите основни и средни училишта, а на почетокот на мај ќе се одржи и општинскиот натпревар.

Според него, обуките за прва помош треба да ги посетуваат граѓаните, бидејќи секој треба да знае да даде прва помош на лице кое е повредено при несреќен случај.

- Сакаме да укажеме дека секој треба да знае да даде прва помош. Оној период во рок од пет до 10 минути додека пристигне Итната медицинска помош е доста значаен за дали повредениот ќе има подобра здравствена состојба или пак ако не знаеме да му дадеме прва помош може да му се влоши состојбата, вели Камчев.

Црвениот крст освен едукација на учениците на вештини за прва помош, ги обучува и возрасните. Секој граѓанин кој сака да се стекне со овие хумани вештини, кои можат да спасат живот, квалитетна обука може да се добие во Општинскиот Црвени крст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...