Приведен вработен во Агенција за поддршка на земјоделството за поткуп

Скопје, 16 април 2014 (МИА) - Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 34-годишниот Д.Р. од Скопје, вработен во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“

Пријавениот, на кого му е одредена мерка притвор од 8 дена, во текот на минатиот месец побарал 200 евра од оштетен државјанин на Република Македонија за да му посредува во Агенцијата, преку ИПАРД програмата да добие субвенции за купување на земјоделска механизација – трактор. 

- Завчера осомничениот околу 20.00 часот остварил средба со оштетениот во угостителски објект лоциран во населба Аеродром, при што покрај потребната документација за добивање субвенции за купување на земјоделска механизација – трактор ја примил и претходно побараната парична награда во износ од 200 евра, кои потоа заедно со документите ги ставил во бела папка, појасни денеска на прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Врз основа на наредба за претрес на лице, издадена од Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје – 1 Скопје, извршен е личен претрес на пријавениот, кој во тој момент се уште се наоѓал во угостителски објект. Во белата папка, нагласи таа, пронајдени се четири банкноти во апоени од по 50 евра кои претходно беа технички обработени како и документацијата во фотокопија. Пронајдените парични средства и предмети се одземени со потврда за привремено одземени предмети, а лицето е лишено од слобода.

При претрес на неговиот дом и други простории, во населба Аеродром, е пронајдена и одземена разновидна службена документација од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за што е издадена потврда за привремено одземени предмети.

Јанкулоска потсети дека неодамна МВР спроведе акција, под име „Тера“,  со цел лишување од слобода вкупно седум лица кои во период од 2008 до 2010 година во повеќе наврати злоупотребиле субвенции за сточен добиток предвиден во програмите за финансиска поддршка во земјоделието. На овој начин пријавените службени лица, на сопствениците на стадото за период од 2008 до 2010 година им овозможиле да прибават противправна имотна корист во износ од 3.357.226 денари на штета на државниот буџет и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

- Во рамки на борбата против организираниот криминал и корупцијата, од 2006 година наваму беа опфатени поголем број односно над 450 новоименувани, актуелни државни функцинери или службеници, во 50-тина разни случаи. Само во изминативе неколку месеци од годинава, МВР поднесе 8 кривични пријави кои се однесуваат на разни коруптивни кривични дела, нагласи Јанкулоска.

Одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот инцидент во населбата Лисиче за време на посетата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, министерката информира дека поднесени се прекршочни пријави против 6 лица, припадници на ВМРО - ДПМНЕ и од СДСМ.

Во однос на случајот во Радишани, Јанкулоска е децидена дека тој не може да се доведе во корелација со изборниот процес и изборни нерегуларности. Информира дека се поднесени 6  пријави, од кои една кривична пријава и 5 прекршочни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...