Западна Македонија под снег

Скопје, 16 април 2014 (МИА) - Снегот што од синоќа паѓа во поголемиот дел од западна Македонија формира покривка која на повискоите места достигна и до 40 сантимети.

Снегот се задржува на коловизите што го отежнува патниот сообраќај особено на планинските превои.

Забрана за тешки товарни возила е воведена од изутрината на Ѓавато, на патниот правец Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-планински превој Стража-Кичево и Струга-граничен премин Ќафасан.

Иако интервенираат екипи на  ЈП „Македонија пат“, коловизите се влажни и со остатоци од кашест снег поради што се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

 

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Патниот правец Охрид - Ресен преку Галичица од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај. На овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.

Зимски амбиент денеска и во Охрид, каде во текот на ноќта и целото утро постојано паѓа снег, повремено со зголемен интензитет.



Во градот снегот не се задржува, меѓутоа снежна покривка и до 15 сантиметри е забележана во околните села и на повисоките места.

Снежните врнежи се добредојдени за подобрување на вкупната хидролошка состојба и зголемување на нивото на Охридското Езеро, како и на пролетните посеви.

Доколку ваквото време потрае и се задржи снежната покривка на планинските превои, каде сообраќајот се одвива отежнато и во зимски услови, тоа секако неповолно ќе влијае врз бројот гости во Охрид за престојните Велегденски празници, кога македонскиот најголем туристички центар, вообичаено бележи солидна посетеност, пред се, со домашни гости, но, и од соседните земји.  

 

Снегот во гостиварскиот регион формира покривка со висина од 6-7 сантиметри во Полог, а на Маврово над 30 сантиметри. Според информациите од Ски Ценатрот „Заре Лазарески“ на повисоките делови на Бистра, наврнале над 40 сантиметри.

Гостиварци утрово беа изненадени од априлскиот снег, како и од температурите кои се околу  „нулата“.

Во одредени населени места во мавровскиот регион има прекини со снабдувањето со електрична енергија.

Снегот кој утрово падна во дебарскиот регион, засега не предизвикува некои поголеми проблеми во сообраќајот.

Екипи на секцијата на „Македонија пат“ постојано се на терен во расчистување на снегот од коловозите и помалите одрони од камен, на делницата Дебар-Жировница, патот кон Маврово и Дебар-Глобочица, како и на патот кон Струга.

 

Поради влажноста на снегот и тежината има скршени гранки и дрјва, во чие расчистување е вклучена и Територијалната противпожарна единица.

Прекините на интернет и електрична енергија во подрачјето на Жупа, како и кабловските оператори во Дебар, се остранети. Поради паднато дрво на коловозот кус прекин на сообраќајот имаше на излезот од градот на патот кон Струга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...