Во тек се првите селектирања на кандидати за Спортската академија

Скопје, 16 април 2014 (МИА) - Спортската академија за средношколци талентирани за спорт покрај паралелки во Скопје, од учебната 2014/2015 ќе има и дисперзирани паралелки во уште седум градови низ Македонија - Гостивар, Прилеп, Струмица, Велес, Битола, Штип и во Охрид.

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска по посетата на Филолошкиот факултет потсети дека деновиве се почнати селекции на заинтересираните ученици кои сакаат професионално да се усовршуваат во спортови и ги повика тие што активно практикуваат спорт да конкурираат и да се пријават  на селектирањата. Распоредите се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

- Апелирам до сите основци кои сакаат да се запишат на Спортската академија, а сметаат дека имаат талент за фудбал или ракомет, и тенис во Битола и Штип, да аплицираат, односно  да се поврзат со регионалните координатори. Голем е интересот. Пред два дена почна првата селекција за фудбал во Гостивар и имавме над 15 ученици кои се пријавија. Тоа за нас е исклучително мотивирачки. Наша крајна цел е во Акедемијата да бидат вклучени вистинските талентирани ученици за спорт, за по  четирите години да бидат вклучени во професионалните спортски клубови и да го носат националниот дрес на Република Македонија во некоја од спортските дисциплини, изјави Ристовски.

Изборот на кандидатите го прават стручни тимови од соодветните спортски федерации. Квотата за успис не е ограничена зашто пресуден услов да бидат примени во Спортската академија е учениците да имаат талент и познавање на спортот за кој аплицираат.

- Во оваа фаза немаме ограничување на квотата. Досега околу сто деца во генерација беа вклучувани во Спортската академија во Скопје. Основниот предуслов е талентот за одреден спорт и тука нема ургенции или популарно кажано фаќање врски за прием на академијата, додаде  министерот за образование и наука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...