Вакцинирани над 900 деца од морбили, епидемијата не опаѓа

Скопје, 16 април 2014 (МИА) - Од прогласувањето на епидемија на морбили во Град Скопје до денеска откриени се 980 деца кои ја пропуштиле вакцината против оваа заразна болест. Од нив 915 се вакцинирани и со тоа се заштитени, изјави Татјана Баевска Вучковиќ, директорката на Здравствен дом Скопје.

- Од 24 март, кога се прогласи епидемија на морбили на територија на Град Скопје службите и превентивните тимови работеа на пронаоѓање на деца кои ја имаат пропуштено оваа вакцина. Патронажната служба беше пуштена на терен и забележавме 980 деца кои ја пропуштиле оваа вакцина. Еден дел се оние што треба да ја примат како примо-вакцина на 13 месеци, а останатите се како ревакцина. Од 980 кои се откриени 915 деца се вакцинирани. Тоа значи дека свеста на родителите проработува бидејќи секогаш апелираме за она што може да се спречи, да не го лекуваме. Навистина имаме одличен одѕив и голем дел од овие деца се веќе заштитени со оваа мерка, рече Баевска Вучковиќ.

Таа нагласи дека нема сеуште мерка за вонредна вакцинација и не очекува да биде изречена бидејќи за овој кус изминат период сите оние невакцинирани лица што биле откриени се веќе вакцинирани.

Др. Лилјана Лазаревска од Центарот за јавно здравје информира дека од 6 јануари до денес пријавени се и регистрирани околу 77 случаи на морбили.

- Само во последните пет дена регистрирани се 13 нови случаи, од кои девет се на возраст од 20-48 години, а четири се деца до шестгодишна возраст и потекнуваат од девет различни општини. Десет од новооткриените случаи се хоспитализирани. Во однос на вакциналниот статус станува збор за претежно невакцинирани лица и лица кои не подлежат на вакцинација, рече Лазаревска.

Таа оцени дека според состојбите на теренот не може да се каже дека епидемијата на морбили се намалува, туку присутен е тренд на континуитет.

- Се надеваме дека епидемијата ќе се намали, но апелираме до родителите да ги вакцинираат децата, затоа што од сите заболени само осум имаат  примено само една доза вакцина. Тоа се претежно возрасни лица, а познато е дека една доза на вакцина не штити и потребни се две дози. Меѓутоа, интересот кај возрасните е многу мал. Во Центарот за јавно здравје досега се јавиле само осум контакти од возрасните кои не биле вакцинирани, рече Лазаревска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...