Швајцарски средства за заштита на река Брегалница

Кочани, 17 април 2014 (МИА) - Општините од Источниот плански регион од владата на Швајцарија ќе добијат финансиски средства за реализација на проекти од областа на екологијата по сливот на река Брегалница.

- Во проектот се вклучени сите 11 општини од Источниот плански регион.Ова е продолжување на соработката бидејки предходно сите 11 општини по сливот на Брегалница добија донација од по 50.000 швајцарски франци,истакна Тони Тоневски, претседател на Источниот плански регион.

Блаже Станков, градоначалник на Зрновци нагласува дека овие средства општините од кочанскиот регион ги искористиле повеќенаменски. Во Кочани, посочи, ќе се изгради уште еден бунар за снабдување со вода во Грдовски орман, во Чешиново- Облешево за водоснабдување, а во општина Зрновци за регулација на Морошка река.

До крајот на овој месец Источниот плански регион ќе објави повик за пријавување на нови проекти во кои ќе бидат донирани 1.300.000 швајцарски франци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...