Електронски упис во градинка, училиште и факултет

Скопје, 17 април 2014 (МИА) -  Воспоставување електронски сервиси за упис во градинка, основно/средно училиште и на факултет, предвидува ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма која содржи 105 проекти од областа на информатичко општество и администрација. 

Заменик-министерката за информатичко општество и администрација од ВМРО-ДПМНЕ Марта Арсовска Томовска денеска на прес-конференција појасни дека системите ќе овозможат размена на информации помеѓу апликантите и образовните институции, размена на податоци помеѓу самите образовни институции и пристап до резултатите од процесот за упис.

- При аплицирање на факултет нема да се приложуваат оценките од средно училиште, бидејќи истите ќе бидат достапни во системот. На овој начин родителите ќе можат од дома, побрзо, полесно и без турканици и стрес, да ги запишат своите деца во градинките или во образовните институции, рече Арсовска Томовска.

Ќе се изработи, најави, и онлајн платформа преку која најмладите ќе имаат можност да научат да програмираат во еден од најпопуларните програмски јазици. Се предвидува националниот портал за е-услуги да прерасне во централизиран портал за сите владини е-услуги, во кој ќе се интегрираат веќе достапните услуги и ќе се развијат нови во областите образование, здравство, социјална заштита, судство, градежништво, инспекциски служби и други области. 

- Дел од проектите е и „Една точка за услуга“ наменет за граѓаните кои немаат можност или познавање на работа со компјутер, да можат едноставно да побараат и да добијат услуги од владините институции. Дополнително, во неколку други општини, каде нема подрачни единици на централните институции или услужни центри,  ќе се постават самоуслужни автомати, информира Арсовска-Томовска.

Таа го претстави и проектот од областа на реформата на јавната администрација, наречен Програма за талентирани млади. Гледањето на големата слика, лидерството и ефективната комуникација, управувањето со квалитетни услуги, укажа, се само дел од компетенциите кои учесниците треба да ги стекнат за време на двегодишната програма за талентирани. Во текот на програмата, учесниците ќе посетуваат неколкумесечни турнуси во кабинетите на членовите на Владата и на други функционери и ќе бидат подложени на циклус обуки во земјата и во странство.

Според Арсовска-Томовска, програмата на ВМРО-ДПМНЕ треба да обезбеди развој на електронските комуникации, на владината ИТ инфраструктура и воведување на современиот концепт на работа во облак технологија, воведување интероперабилни системи во и меѓу државните институции,....



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...