ЕК одобри пари за првиот cable-wake парк во Македонија Скопје, 17 април 2014 (МИА) - На Дојранското Езеро ќе се гради првиот cable-wake парк во регионот, со средства од третиот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.
За Регионалниот развоен проект, вреден 800.000 евра аплицираа општините Дојран и Кукуш во соработка со фондацијата Хуманополис и добија одобрување од Делегацијата на Европската комисија за имплеметација.
- Cable - wake паркот, претставува парк за скијање на вода и алтернативни адреналински спортови, исклучително популарни низ Европа и САД, соопшти фондацијата Хуманополис.
|