Парнарџиева-Змејкова на работилница со пензионери во Радовиш и во посета на општина Конче

Радовиш, 17 април 2014 (МИА) - Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова денеска учествуваше на едукативна работилница  со пензионери во Радовиш и ја посети локалната самоуправа во Конче.

Таа изјави дека работилниците ги почнале пред еден месец, а веќе реализирале пет.

- Денеска нашиот раководител на правниот сектор ќе објасни кои се правата од здравственото осигурување, како нашите осигуреници со фокус на пензионерите да си ги остварат, потоа правата за рехабилитација, за рефундација на лековите, обврска на матичниот лекар кон пациентот, односно кон осигуреникот, обврската на аптекарот кон осигуреникот, кои се оние права кои можат да ги добијат во Здравствен дом, во Болница, рече Парнарџиева-Змејкова.

Посочи дека на денешната средба со пезнионерите го претставиле и новиот проект кој се однесува за поголема превенција на осигурениците од кардиоваскуларните заболувања, бубрежната слабост и дијабетесот.

Парнаџиева-Змејкова додаде дека новина е и тоа што во општина Конче пред еден месец почнала да функционира и првата стоматолошка ординација, а од 1 мај во таа рурална општина ќе почне да функционира и аптека, која е со сите одобренија и квоти од Министерството за здравство и Фондот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...