Дерменџиев: Договорот со „Филип Морис“, ќе го стабилизира прилепскиот тутунски комбинат

Прилеп, 17 април 2014 (МИА) - Раководството на прилепскиот тутунски комбинат ја потврди информацијата дека се завршени преговорите и е оформен текстот за потпишување на договорот за стратегиско партнерство на комбинатот со светски реномираната компанија „Филип Морис“.

- Задоволство ми е да ја потврдам информацијата дека успешно ги завршивме преговорите и текстот на договорите е утврден. Преминуваме во фаза на формално одобрување од акционерското собрание на тутунскиот комбинат, согласно статутот на компанијата и од органите на управување од „Филип Морис“,  изјави денеска генералниот директор на тутунскиот комбинат Александар Дерменџиев.

Според него, суштината на партнерството е формирање нова компанија, ново друштво со ограничена одговорност, бидејќи се двајца основачи. Филип Морис ќе учествува со 51 отсто што му дава управувачки пакет. Тутунски учествува со 49 насто што значи дека во овој процент оди и распределбата на дивидендата.

Комбинатот во договорите е назначен како „контрактуелен производител“.

- Новото друштво ќе биде производител, но нема ресурси. Брендовите на комбинатот и дел од портфолиото на „Филип Морис“ ќе се произведуваат во постојните капацитети на фабриката за цигари во комбинатот, објаснува Дерменџиев.

Појаснува дека иако договорот не е директно поврзан со ДООЕЛ Тутун на комбинатот, сепак „Филип Морис“ како еден од најголемите потрошувачи на ориенталскиот тутун, во договрот се обврзал секоја година од тутунскиот комбинат да откупува значителни количества тутун.

- Нам, на комбинатот ќе ни го олесни пласманот, како најсериозен проблем и ќе ни олесни пристап до финансиски средства за да се финансира откупот на тутунот, вели тој.

Договорот со Филип Морис е стабилизирање на комбинатот кој е на листата на загубари.

- Со овој договор се обезбедува долгорочно стабилизирање на кобинатот и се создава можност тој профитабилно да работи. Самото тоа е и сигурност за 1.030 вработени, а сигурност е и за кооперантите-тутунари на комбинатот, вели Дерменџиев.

Одборот на директори на комбинатот треба да одржи седница за да се закаже акционерското собрание.

- Претстојат административни работи и се очекува  во јули  да се официјализира партнерството со „Филип Морис“, вели генералниот директор на прилепскиот тутунски комбинат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...