Велигденска честитка од Комисијата за односи со верските заедници до Евангелско-Методистичката црква

Скопје, 18 април 2014 (МИА) - Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска денеска упати телеграма со честитки до свештенство и монаштво, како и на сите верници од Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија, по повод големиот празник Христовото Воскресение- Велигден. 

- Воскресението Христово претставува радост, вистинска светлина, љубов и возвишен дар за секого. Жртвата што Христос ја даде за целиот свет ни го осветли патот кон спасението и кон целосното овоплотување со Бога. Суштината на нашите животи и суштината на нашата вера би биле бесмислени ако не победеше животот над смртта преку живиот пример на распетието и воскресението Христово, стои во телеграмата.

Денеска кога светот се соочува со големи предизвици, се подвлекува, пораката на Христовото воскресение-Велигден никогаш не била повеќе потребна и поактуелна.

- Задача на сите луѓе без оглед на верата е да ја шират пораката за мир и љубов, бидејќи само тоа е патот кој може да води кон ослободување од целиот хаос кој владее во светот. Само преку љубовта кон ближниот и правењето на добри дела можеме да се доближиме до Бога. Силата и истрајноста Исусова на крстот ни даваат сила да истраеме во нашето соочување со секојдневните искушенија и предизвици на лично и глобално ниво, се вели во честитката.

Во таа насока, Божиновска, го истакнува и придонесот на Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија која дава, вели, посебен тон во јакнењето на мирот, меѓусебната љубов и соживот кај нас и во целиот свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...