Јанакиески: Канализациски систем за Големо Коњари од 600.000 евра

Прилеп, 19 април 2014 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска го посети прилепското село Големо Коњари каде најави дека идната недела ќе почне изградба на канализациски систем во селото.

- Инвестицијата е од околу 600.000 евра. Веќе имаме склучено договор за градба со надзорот. Од среда започнуваат градежните работи, станува збор за канализациски систем од околу 16 километри. Ова е само еден од триесетината проекти што се реализираат во моментов. Со оваа инвестиција, и онаа што ја започнавме во Мало Коњари, три населени места во Прилепско, заедно со Канатларци ќе добијат канализација, изјави Јанакиески.

Според него, во наредните четири години сите населени места во Прилепско ќе добијат канализациска мрежа со која, како што рече, драстично ќе се подобри квалитетот на животот на населението и ќе се зголеми еколошкиот стандард во населените места.

Градноначалникот на Прилеп Марјан Ристески рече дека во трите населени места - Мало и Големо Коњари и Канатларци има околу илјада  жители и затоа, истакна тој, решавањето на ова битно инфраструктурно  прашање почнува од тие населени места.


-   Годинава во Големо Коњари ќе има вкупно инвестиции од еден милион евра. Покрај изградбата на канализационата мрежа од 600 000 евра, ќе се гради и пат преку програмата за рурален развој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...