Митрополитот Повардарски Агатангел упати Велигденско Послание

Велес, 19 април 2014 (МИА) - Митрополитот Повардарски Агатангел денеска на прес-конференција испрати Велигденско Послание до свештенослужителството,монаштвото и верните чеда на Македонската православна црква по повод претстојниот голем празник на Христовото Воскресение Велигден.

Митрополитот Повардарски Агатангел потенцира дека Македонскиот православен народ денеска зачекори во време исполнето со надумна, божествена и воскресенска радост.

- Христос со своето славно воскресение покажа дека смртта е немоќна. Победен е најголемиот човеков непријател! Затоа овој ден е ден на радоста. Велигден е празник над празниците и прослава над прославите. Сознанието за овој настан не ги гали и облагородува само срцата на верните. Оваа света радост денес се разлева насекаде и ги зафаќа сите битија, ја опфаќа целата природа и ги исполнува небото и земјата,потенцира Митрополитот Агатангел.

Митрополитот Повардарски Агатангел ги потсетува православните верници дека Воскресението Христово е силата која и денес препородува, моќно и благотворно допира до душите и срцата човечки, а во целата природа предизвикува триумфална радост и веселие.

- Да ги отвориме своите срца и души за нови благодатни сили, зошто овој ден го создаде Господ да се радуваме и да се веселиме во него. Секоја наша постапка нека биде постојана проповед дека Христос воскресна од мртвите, па да речат оние кои уште не го познале-Еве го Господа, Он живее во срцата и душите на оние кои го носат Неговото име. Христос Воскресна,Навистина Воскресна!,упати порака до православните верници Митрополитот Повардарски Агатангел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...