Во Кумановско се излеа реката Пчиња кај Пелинце и реката Кумановка кај Средорек

Скопје, 19 април 2014 (МИА) - Поради обилните врнежи водостојот на повеќе реки во Македонија е зголемен, а Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата со водотеците.

Како што соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување, денеска во Кумановско излеана е реката Пчиња кај Пелинце. 

Од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување дадени се 1.000 вреќи за песок на локалната самоуправа за превенција од понатамошно излевање и заштита на имотите на граѓаните.

Исто така во Кумановско излеана е реката Кумановка во близина на Средорек каде се повторно дадени 1.000 вреќи на локалната самоуправа.

Во Кочанско во атарот на две села поплавени се оризови ниви, но нема опасност да бидат загрозени куќи. Подрачното одделение на дирекцијата ја следни состојбата во случај да дојде до влошување на ситуацијата.

Сите подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување во загрозените региони ги следат состојбите со водотеците и се подготвени да интервенираат и помогнат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...