Велигденско послание на г.г.Стефан

† СТЕФАН

ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ - ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

Јас сум воскресението и животот;
кој верува во Мене, и да умре - ќе живее!
(Јн. 11, 25)

Возљубени чеда во Господа,

Тајната на Воскресението има централно место и е најважен настан во учењето и во животот на светата Црква. Таа се состои во Христовата победа над гревот и смртта, победа којашто Синот Божји ја извојува не за Себеси, туку за целокупното човештво. Затоа, да се верува во Христа, значи да се верува во воскресението!

По паѓањето во грев на првосоздадените луѓе, човечката природа стана ранлива и подложна на смрт. Прво настапи духовната, а потоа и телесната смрт, со што човекот се оддалечи од Бога. Но, Бог не е одговорен за смртта, туку таа е последица на човековата непослушност и на неговото оддалечување од Изворот на животот. Светите отци и учители на Црквата учат дека Бог не ја создал смртта, туку ја допуштил од љубов и милосрдност, за да не станат злото и гревот бесмртни. Според тоа, смртта не е Божја казна, туку е резултат од оддалечувањето на човекот од Бога. И единствен излез од таквата, навидум крајно безнадежна состојба, беше победата над самата смрт. Затоа беше потребно Синот Божји да дојде во овој свет, да нe ослободи од смртта и да ни подари воскресение, соединувајќи ги во Својата личност Божјата и човечката природа. Смртта, пак, што ја претрпе на крстот, беше, всушност, пораз на самата смрт, зашто Христос, воскреснувајќи, ја ослободи човечката природа од смртните окови.

Возљубени чеда во воскреснатиот Господ,

Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот (Јн. 3, 16). Тоа значи дека смртта е победена за сите, но секој од нас лично треба да учествува во таа победа. За да се дојде до воскресение, неопходно е да се мине низ голгота. Затоа тајната на Крстот и тајната на Воскресението се тесно поврзани: како што Богочовекот Христос доброволно се распна заради нас, така и ние треба доброволно духовно да се распнеме за да воскреснеме. Ние луѓето, всушност, треба да го распнеме своето себељубие, бидејќи тоа ни е главната пречка на патот кон обновен и вечен живот. Преобразувањето на егоизмот во несебична љубов, бара голем напор и многу жртви и себеодрекувања. Но страдањата на сегашното време, не се ништо во споредба со славата која треба да се открие во нас, вели св. апостол Павле (Рим. 8, 18). Со учество во тајната на Крстот и на Воскресението, ние се преобразуваме, се осветуваме, така што преку Божјата благодат го добиваме дарот на љубовта, ослободувајќи се од ропството на сопствениот егоизам. Во суштина, себељубието својот корен го има во стравот од смртта, па затоа, победувајќи го него, ние ја надминуваме смртта и влегуваме во благословениот и обновен живот, чијашто врата ни ја отвори Синот Божји.

А тој живот не е ништо друго освен љубовта, па затоа свети апостол Јован ќе рече: Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; кој се плаши, не е совршен во љубовта (1. Јн. 4, 18). Значи, вистинската вредност е во жртвата што ја даваме за другиот, во нелицемерната љубов којашто, преку Божјата благодат, се шири насекаде околу нас и ги освојува срцата на многумина.

Возљубени празникољупци,

Основната цел на животот во Црквата, на светите тајни и на подвигот, е ослободувањето на човекот од ропството на гревот и на смртта. Само ако живееме на таков начин, ние ќе можеме да се измириме со Бога. И не се помирува Бог со човекот, туку човекот со Бога и преку тоа од непријател станува Божји пријател и учествува во Христовото воскресение. Трнлив и макотрпен е тој пат, но по неговото изодување нашето срце станува достојно и достоинствено живеалиште за Бога. Само со такво живеење ќе бидеме удостоени постојано да Го гледаме Воскреснатиот Христос до нас.

Впрочем, како што ни сведочи светото Евангелие, по Неговото воскресение Он повеќепати се јави пред Своите ученици, чиишто срца беа подготвени за средба со Него. Господ Христос не им се јави на непријателите и на оние кои се противеа на Неговата мисија. Не го стори тоа поради гордост, туку поради тоа што никого не сака да принудува на ништо. Едноставно, Он од нас само бара да го отвориме и очистиме срцето и така подготвени да Го примиме. Доколку самите не Му отвориме, Он нема присилно да ја отвори вратата и да влезе. Јас чукам и кој ќе Ми отвори – ќе влезам, вели Воскреснатиот Господ (сп. Лк. 11, 9-10).

Возљубени чеда на Македонската православна црква,

Времето во кое живееме изобилува со многу искушенија. И на личен и на општествен план трпиме најразлични напади, кои некогаш се отворени, а не ретко се затскриени под превезот на правдата и слободата. За жал, многумина денес живеат и ги воспитуваат идните генерации со она богоборечко и нечовекољубиво размислување дека другиот човек е мојот пекол (Сартр). Доживувајќи го присуството и делувањето на ближниот како закана за нашата слобода, ние доброволно прифаќаме да останеме под ропство на смртта. Човекот е создаден за заедница, а не за да живее како единка, сам за себе. Настанот на Воскресението нe повикува да го чуваме единството, духовно и национално, за доброто на нашата Црква и Татковина, и никогаш личните да не ни бидат пред заедничките интереси. Токму поради тоа Бог ни дава различни дарови, коишто треба да ги развиваме и употребуваме за доброто и напредокот, и својот, но истовремено и на сите. Не постојат двајца исти луѓе, затоа што секоја личност е единствена и неповторлива. Но за да можеме да бидеме вистински и достоинствени личности, ние треба да живееме и работиме според заповедите и учењето на светата Црква. Воскреснатиот Христос ни ја дава таа суштински поинаква насока, со која ќе не одведе во радоста на вечниот живот: Како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас (Јн. 13, 15 и 34). Затоа, да се испитаме себеси дали доволно правиме и се жртвуваме за другите. Често се случува сопствените удопства, и душевни и материјални, да ни бидат помили од ближниот, иако тоа свесно не го признаваме. Затоа е потребно да стражариме над своето срце и уште на почетокот да ги одбиеме сите себељубиви и страсни помисли, кои лесно стануваат дел од нашиот живот и однесување. Не е доволно само на збор да тврдиме дека имаме љубов и грижа за другите, туку тоа треба, пред с#, да го покажеме и докажеме на дело.

Возљубени велигденци,

Да Му благодариме на Бога што и годинава не удостои да го дочекаме и да го прославиме Неговото воскресение. Благодарноста ќе ја покажеме со тоа што сите заедно ќе се трудиме да живееме богоугодно, како што им доликува на вистинските христијани. А тоа најдобро го изразуваме кога собрани на Божествената литургија, еден до друг, со едно срце и со една уста Го славиме Господа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...